Scaramouche, Scaramouche, will you do the fandango?

Постојат песни кои илјада пати сме ги слушнале и ги знаеме на памет. А имаат некое делче кое го пееме со остатокот од песната, како да разбираме што значи.

You're So Vain," Carly Simon

"You had one eye in the mirror as you watched yourself gavotte."

Гавоте е француски народен танц кој станува популарен во 16-от век. Помпезен, театрален... токму онаков каков што авторот го замислува карактерот од песната.

**********

"The Joker," The Steve Miller Band

"Some people call me Maurice, 'cause I speak of the pompatus of love."

"Pompatus"  е измислен збор, ама не од Стив Милер. Инспирацијата доаѓа од хитот "Letter"на Medallions od 54-ta. Напишан од Вернон Грин, таму се пее "Oh my darling, let me whisper sweet words of pizmotality and discuss the puppetutes of love." Грин го измислил "puppetutes" за да ја опише девојката која личи на кукла. Милер потоа "puppetutes" го претвора во "pompatus" без некоја посебна причина.

*********

"Down Under," Men at Work

"Traveling in a fried-out Kombi" ... "He just smiled and gave me a vegemite sandwich" ... "Where beer does flow and men chunder"

Комби им е чудно на Американци ама не и нам, кои фино знаеме дека се работи за Комбе :) А доаѓа од германскиот Kombinationskraftwagen.... Vegemite e австралиска мазалица од пивски квасец, брашно и зачини.... Chunder е она што го правиш откако ќе се налокаш премногу алкохол или расипана храна.

**********

"Surfin' USA," The Beach Boys

"You'd see 'em wearin' their baggies, Huarache sandals, too"

"Baggies" се купаќи - боксерки, разлини од Спидо слим моделите. Нив први ги користат токму сурферите, затоа што се позгодни за спортот. Huarache е кожна еспадрила, посебно сељачка ако се носи со чорапа.

************
"Jailhouse Rock," Elvis Presley

"The whole rhythm section was the Purple Gang"

30-ти години, прохибиција, масовен шверц на алкохол од Канада во САД, особено преку Детроит и околината. А таму цареви се Семи Коен, браќата Бернштајн и остатокот од Вилоетовата банда. Она што бил Капоне во Чикаго, тоа се Purple gang во Детроит.

***********

"Hotel California," The Eagles

"Warm smell of colitas rising up through the air"

Colitas? Марихуана.

***********

"Bohemian Rhapsody," Queen

"Scaramouche, Scaramouche, will you do the fandango?" ... "Bismillah! No!"

Scaramouche е традиционалниот кловн во италијанската комедија дел арте. Fandango e танц за двојки, проследен со гитари и кастанети.... Bismillah е арапски збор кој значи "во името на Бога", го има речиси во секое поглавје на Куранот.

15 јануари 2013 - 14:45