Мајсторе, задња

Додека ние со години не успеваме ни елементарно да се преброиме, статистичарите на масивните порно сајтови Pornhub и Youporn извадија детални пресеци на сексуалните афинитети на луѓето од целиот свет. И ете така, сега не знаеме колку нè има ама знаеме дека сме повеќе по задници отколку по цицки. 

Според податоците со кои располага Pornhub, потегот Македонија - Албанија - Косово - Црна Гора - Босна чинат еден мал "позадински" коридор европски земји во кои луѓето повеќе ги занимаат газиња отколку цицки (или газишта или цициња, сеедно, овојпат кубикажата не е важна). Останатиот дел од Европа главно е по цицки, а Финска, Холандија, Белгија и Велика Британија се во топ 10 во светот по пребарувања деколтеа.

Слични преференци како нашите имаат и Американците, освен во неколку сојузни држави на северот кои се греничат со Канада која пак, е повеќе по женски гради.

Газлести пребарувања доминираат и во Јужна Америка што не чуди ако се земе предвид популарноста на седечките импланти во земји како Венецуела и Бразил. Освен Египет, по ова прашање Африка е речиси консензуално по задници.

Pоrnhub Insight понуди податоци и за останатите популарни порно пребарувања.

По стопала најмногу се пали Средниот Исток, особено Сирија, Јордан и Ирак.

Светски шампиони во обожавање нозе се Пољаците а од трето до 6-то место се наредени Литванија, Чешка, БУгарија и Унгарија:

Трудниците им се најсекси на порнофилите во Југоисточна Азија и Океанија. Соломонските острови се шампиони, а благословени се и оние во Лесото и Папуа Нова Гвинеја.

Ако се вратиме на првичната дилема, газ или цицки, без многу детали, светот изгледа блоковски поделен на два дела:



12 декември 2014 - 09:49