За прв пат во историјата, платата на германскиот канцелар ќе ја надмине границата од 30.000 евра месечно, па од јули месец платата на Шолц ќе изнесува точно 30.139,81 евро месечно.
Покачување ќе имаат и уште неколку членови на владата, како министерот за економија, Роберт Хабек, кој ќе добива плата од 25.573 евра месечно, како и министрите за надворешни работи и за финансии.
Во исто време основните плати на сите пратеници на Бундестагот ќе бидат покачени за 310,4 евра и ќе изнесуваат 14.906 евра месечно.
Веста ја објавува Билд, а се базира на барањето за пристап до информации поднесено од Алтернативата за Германија.