Жртва на терористичкиот напад во Манхајм, кој беше прободен со нож од исламист заради неговите критики на Исламот, шест месеци по обидот за убиство е осуден од германската држава за омраза заради своите ставови и критики на Исламот.
Алармот не доаѓа од каде било туку до германската Федерална разузнавачка служба, БНД, и не од кого било, туку од првиот човек, Бруно Кал, според кого најдоцна до 2030 руската војска ќе биде во позиција да го нападне НАТО.
Германската СПД има намера да воведе еден вид нивен Рамковен договор кој ќе гарантира задолжителна застапеност на мигранти меѓу судиите и општо во администрацијата во земјата, за овие да се чувствуваат повклучени.
И повеќе шверц со бело робје и повеќе грабежи и повеќе насилство покажуваат последните официјални германски статистики според кои криминалот во земјата општо е највисоко ниво од 2012.
Дури и кога во 2010-те на ЕУ и беше најтешко, (финансиски кризи, бегалци, падот на Крим), членките на Унијата сепак ја имаа Германија и посебно Ангела Меркел за да се свртат кон нејзе.
2023 Германија ја завршува со вкупно 42,6 милијарди евра пари на граѓаните поделени меѓу жителите на земјата како најразлични форми на социјална помош. Во 2022, сумата е 36,6.
Далеку понеизвесен, поинтересен и поатрактивен беше вториот меч од осминафиналната фаза на ЕП. Домаќините славеа 2:0 со вкупно 17 удари од кои 10 во рамки на гол, за разлика од Италијанците кои првиот шут го имаа во 72-ра минута. По еден поништен гол со ВАР на двете страни, како и 25 минутен прекин поради невреме.
Германија треба да почне со регрутација на 900.000 резервисти заради воинствениот став што го има Русија со Путин на чело, е препораката од претседателката на комитетот за одбрана на германскиот парламент.
Изминативе месеци меѓу Германците (оригиналот) почна се попопуларен да станува слоганот „Германија на Германците, странци надвор“ придружен со некоја техно музика. Ова прилично се толерираше се додека деновиве не се прошири клип како истата се пее во едно од најлуксузните германски одморалишта.
Руската РТ објавува снимка од разговор на германски генерали кои дискутираат за тоа како би можеле да го снабдат Киев со проектилите Таурус и истите да бидат искористени за напад на мостот што го спојува Крим со Русија, а по пат ги цинкарат и сојузниците дека имаат свои војници во Украина.
Земјоделците од Саксонија кои ја блокираа цела држава откако државата реши да им скрати субвенции и да им укине поволности под изговор дека нема пари во буџетот, седнаа и и пресметаа на истата таа држава колку германски пари расфрла кај ќе стигне.
Германските социјалдемократи минатата година никако не успеаа да пркнат во рејтинзите, а анкетите покажуваат дека тоа што најмногу им смета на рејтинзите е нивниот лидер и канцелар, Олаф Шолц.
Исто како на француските така и на германските земјоделци сè нешто не им чини. Ова излегување е предупредување за далеку помасовни протести закажани за следната година, доколку владата не повлече некои мерки за укинување и намалување на субвенции.
Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.
Нашиот свет е во хаос, и ние сме сред хаосот. Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел се соочуваме со нова димензија на омраза во нашата земја - против нашите вредности, демократијата и против Германија, пишува Билд во воведот на својот Манифест за Германија.
Германија ќе мора да го намали, па дури и целосно да го изгаси своето индустриско производство ако Украина не го продолжи договорот за транзит на руски гас преку своја територија кој завршува на крајот од следната година, предупредува германскиот вице-канцелар и министер за економија, Роберт Хабек.
Кинеската влада масовно ги користи германските воени пилоти излезени од служба за обука на својата воена авијација, и ова не е по мерак на владата што ја платила целата нивна обука и образование.
Германија и Кенија се сред преговори да најдат начин како кениски работници да пополнат 250.000 работни места во германската индустрија за кои државата моментално не може да најде луѓе.
Службената историја вели дека јавното емитирање на ТВ програмата започнало во средината на триесетите на минатиот век, некако истовремено во Велика Британија и Германија, а потоа и во СССР и САД. Но тоа не е баш најточна одредница - по експерименталното пуштање на сингалот во 1934, првиот јавен ТВ сервис започнал со работа во март 1935 во Германија. Претседател на владата тогаш бил - Хитлер.
Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.
Учествувал во женскиот тим на летната Олимпијада во Берлин во 1936. Поставил светски рекорд во скок во вис на Европскиот атлетски шампионат од 1938. Неговиот вистински идентитет бил откриен кога кондуктер пријавил во полицијата дека во возот Виена-Келн има „маж облечен како жена“.
За оваа една година војна во Украина, Германија и понатаму останува зависна од увоз на енергенси, но тоа веќе не се руски туку се купени на меѓународен пазар, изјавува германскиот министер за енергетика, Кристијан Линдер.
Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.