Зилт е германски остров во Северното море населен и посетуван од највисокиот врв на германската елита, што значи милионски вили, имоти, Поршеа, Ферарија, Бентли, С класа.
На еден од првите викенди од годинешнава сезона еден од најпознатите барови на островот, Пони, 150 евра е само влез, беше преполн со подмладокот на тамошната елита, кој во еден момент реши да каже што му лежи на душа извикувајќи „Германија на Германците, странци надвор!“
Видеото од настанот длабоко ја вознемири германската јавност, а видеото и песната што се пее ја осудува и самиот сопственик на клубот кој пред германските медиуми порачува дека таму се добредојдени луѓе од сите етникуми.
По видеото од тамошната полиција порачаа дека веќе започнала истрага за поттикнување на омраза и покажување на симболи на неуставни организации, а министерката за внатрешни работи ги осуди учесниците и сите што го извикуваат слоганот како „срам за Германија“.
Инаку ова се уште не е официјална песна туку музика од италијански диџеј на која незадоволните Германци изминатите месеци го накалемија својот слоган.