Службената историја вели дека јавното емитирање на ТВ програмата започнало во средината на триесетите на минатиот век, некако истовремено во Велика Британија и Германија, а потоа и во СССР и САД. Но тоа не е баш најточна одредница - по експерименталното пуштање на сингалот во 1934, првиот јавен ТВ сервис започнал со работа во март 1935 во Германија. Претседател на владата тогаш бил - Хитлер.
Вест што нè освежи: изнервиран од лоша рецензија на неговата најнова претстава, директор на балетски ансамбл на германска опера му го намачкал лицето на авторот на истата со содржина на хартиена ќесичка, од оние за собирање кучешки измет.
Учествувал во женскиот тим на летната Олимпијада во Берлин во 1936. Поставил светски рекорд во скок во вис на Европскиот атлетски шампионат од 1938. Неговиот вистински идентитет бил откриен кога кондуктер пријавил во полицијата дека во возот Виена-Келн има „маж облечен како жена“.
За оваа една година војна во Украина, Германија и понатаму останува зависна од увоз на енергенси, но тоа веќе не се руски туку се купени на меѓународен пазар, изјавува германскиот министер за енергетика, Кристијан Линдер.
Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.
Зелените радикали во Германија, во четвртокот го пробија заштитниот бедем и час и половина го попречуваа работењето на аеродромот во Берлин. За тоа, што не беше отсекогаш случај, не наидоа на разбирање. Сепак, впечатокот е дека нив дури и покомотно им е кога се неразбрани.
Тоа што се случи вчера меѓу Берлин и Париз е навистина загрижувачки, не само за франко-германското партнерство туку и за цела ЕУ, пишува новинарот на Политико задолжен за покривање на германската влада, Ханс вон дер Бурхард.
Кога во јули (последен пат) одлучно ја нападна одлуката нуклеарната енергија да се смета за „одржлива“, математиката на Грета Тунберг уште се водеше по летните температури и старата енергетска реалност на европскиот континент.
Невообичаено е светот да ѝ бере гајле на хиперпродуктивната Германија, која и овојпат се перчи испорачувајќи купишта муниција на фронтот во Украина. Војната е (се чини) далеку, а Германија (се чини) нема намера да пука. Сепак, германскот Бизнис Инсајдер открива дека земјата е тенка на муниција и дека во претстојниот период ќе треба многу повеќе да се потрудат околу своите залихи.
Полскиот министер за надворешни работи со сета сериозност потпиша дипломатска нота до Германија во која од соседот бара да се вразуми и да ги плати парите што ги должи за штетата од Втората светска војна.
Германската влада ќе го реактивира фондот за економска стабилизација и ќе „направи се што може“ за да ги намали цените на гасот и струјата за претстојната зима, соопшти Шолц.
Земјата проценила дека нејзините загуби предизвикани од Германија во Втората светска војна изнесуваат 1320 милијарди долари, и дека тие Германија треба да ги плати.
Една од најопасните дебати што почнува да се отвора во Германија не е ни за Русија, ни за родови, ни за екологија, ни за нуклеарни централи, туку е за пензија, и како би сакале да се пензионирате на 70 години?
Од производители на делови за возила до хемикалии и челик, германските фабрики не можат да ги апсорбираат покачените цени на се и сешто во земјата, па полека почнуваат решението да го бараат преку границата.
Пред еден месец Дојче банк предвиди дека Германците во зимата 2022 каде што е возможно ќе користат дрва за греење. Излезе дека со месеци амбициозно зелените Германци не се застанати со пребарување на Гугл за локални дилери за огрев.
Се гаси улично осветлување, базени не се топлат, цели градови ја гасат топлата вода за туширање, претседателската палата во Берлин веќе не е осветлена, а општини низ земјата подготвуваат „центри за греење“ на кои луѓето би можеле да се загреат за зимоска да не измрзнат. Сè ова само за да се забави празнењето на резервите со гас за зимоска. И сè може да е задоцнето.
Сименс енерџи објави дека спорната турбина за Северен тек 1 е готова за испорака, само се чека Газпром да пушти некои документи за на царина за транспортот да може да тргне.
Премиерот на германската сојузна држава Саксонија се одметна од официјалниот став на својата партија, ЦДУ, и побара замрзнување на конфликтот во Украина и почнување на мировни преговори со Русија.
Првиот човек на германскиот регулатор за струја и гас, за Билд изјавил дека залихите на земјата се далеку подобри отколку претходните недели, ама не се ни приближно до тоа што и треба на Германија за зимава.