Станува збор за сума речиси за 50% поголема од проценката од 2019 кога беа побарани 850 милијарди долари.
„Сумата за која се зборува е добиена со помош на најограничени и конзервативни методи, и би било можно таа да се зголеми,“ изјавил првиот човек на Партијата за закон и правда, Јарослав Кацзински.
Во војната се убиени 6 милиони Полјаци, вклучително и 3 милиони полски Евреи, а Варшава е срамнета по земја по востанието во 1944 во која загинуваат околу 200.000 цивили.
За Германија, инаку најголем трговски партнер на Полска, сите долгови кон Полска поврзани со Втората светска војна се платени.
Во 1953, полските власти под притисок на СССР се откажаа од сите побарувања за воена отштета од Германија. Тогаш СССР инсистира на откажувањето за Источна Германија да се ослободи од потенцијалните долгови.
Позицијата околу репарациите и во изминатите години ги напна односите меѓу Полска и Британија, за со почетокот на војната тие дополнително да се влошат заради критикувањето на Берлин за зависноста од руски гас и нечкањето околу помошта за Киев.