Мозоков ми го извади од памет.
Агенција за обезбедување „Страв" чува лозја.
Си гледам на вага. Имам некоја тежина.
Времето на чекање е пократко од 1 Бекет.
Не иди во длабокото, клават идеи.
Ај ти биди луд, ја ќе бидам збунетата.
„Сè што имав заложив, да ти пеам под пенџери" е пример за неразумна бизнис инвестиција.
Англиски: MILF. Македонски: држеча.
„Ова не се опишува со зборови" е опис. Со зборови.
RT Добра Надеж.
„Што е ваше, ќе си пројде" - АД Бутел
Ти стави чај, јас ќе го донесам о-то.
Се мислам, значи не ми текнува.
Интелектуални икони: ги слушаш, и се крстиш.
Ако некад имам транспортно претпријатие ќе се вика Цедентно Транс.
Како изгледа кружен тек во населба Триангла?
Чупино брдо=Венерин брег
Ако телефонот не ти ѕвони, јас сум.
Што си во ороскоп? Тешкото.
Хемиска кастрација: кога ќе му замирисаш на кромид.
Имало некаков формат „векторски", и можело колку сакаш да го растеш.
Когито, ерго еве не знам.
Или сум стабилна личност, или ми е од новиве флекници.
Денес место „кога бев млада", ми излета „кога бев жива". Немам што да додадам.
Не е сапун да се троши. За љубовта зборувам.
„Крајно време е" - еуфемизам за предоцна.
Кога некој ти гризе образи, сврти го и другиот.
Групњак како форма на злосторничко здружување.
Генетски модифицирана храна - кога ќерката готви сто пати полошо од мајката.
Купив 12 јајца во кутија. Фирмата се вика „6 браќа".
Кога ќе пораснам, сакам да бидам.
Selma, don't miss a window of opportunity.
У орален секс е добро да си пис на јазик.
Бог е еден. Една е мајка. Значи, мајка е Бог.
"Kill your darlings". Да бе, сама да се утепам.
ДНК, or it didn't happen.
Умре претставничката на маргинализираните етнички заедници која ме фалеше.
Замисли те прашуваат „Со кечап и мајонез?", а ти одговараш - „Можеби".
Моите уште мислат дека „забавна" е музички жанр.
„Момент" е уствари кога времето твита.
Син ми игра табланет со наш пријател, монах. Во еден момент му вика: „Имаш поп?".
Кој знае каков вкус има, ако си ја пробаш среќата.
Проблемот со тоа да се викаш Доне: Hi, I'm Done.
Направиле пенкало што вибрира на коректорски грешки. Многѕ дбро ратоби.
Дон Кихот искачал во „Воденица".
Фројд искачал „Кај мајка ти и татко ти".
Јордан Пиперката искачал у „Чили".
Диоген искачал у „Буре".
Данте искачал у „Круг".
Слободно пијете на моја сметка, тековна ми е.
Во земјата на спиралите едвај врзуваат крај со крај.
Не се бели Маре мори, не се гнојни.
Oмилена песна на Икар му била "I believe I can fly".
Најсоодветен одговор на реторичкото „Каде е мојто либе?" е - „Нејќеш да знаеш".
Господ е на Скајп, ама е стално на инвизибл.
Денот не е како торба - може да е тежок и ако е празен.
Влегуваш во Дежа ву кафичот во Рамстор, и викаш: „Абе овде ко да сум бил некад".
MILF - Mothers I Would Like To Forget
Moментот кога ќе сфатиш дека лаптопот не ти е во струја, и батеријата е при крај. Слично како кога ќе сфатиш дека си остарел.
Жабљи батаци кои принесени кон уста се претвораат во мускулести нозе на принц.
Уствари тоа со Самоил било превентивно вадење едно око за еволутивно Македонецот никогаш да не стекне амбиции за трето.
Нова фолклорна дисциплина - гледање во мафе.
„Избегнал сигурна смрт" - како бе ја избегнал ако била сигурна?
Број на луѓе кои прават гласно да се смеам - еден.
Замисли со Ctrl+S да може си зачуваш човек.