Плоштина 1

Збирка @IlinaBookbox

Добро, признавам, збиркава е поттикната од завист која тлее од моментот кога уредникот на сајтов почна да ги објавува своите твитови. Под мотото „а јааа?“, еве неколку, без опции за дигитално ширење, заради промоција на старата добра орална традиција.

Големината Е важна. За душата зборам.


Стар си кога ако умреш денес не иде да речат „замина прерано".


 „Замисли живот у ритму музике за плес" секогаш ми асоцира на пајдушко.


 Она што не те убива, те прави арогантен.


Иронија: кога се на тарифен модел Релакс фамилија, а нон-стоп се караат меѓу себе на телефон. #опуштено


Секој обид да ме љубиш, ќе ти се врати како вазна.


 Од кромидот се плаче затоа што е вистина.


 Стрв менаџмент: купуваш пита нутела од Доминос, и не ја отвараш одма, малку да си позборите.


 Кога се товари магаре исто има бар „лоадинг" и се чека.


На Фејсбукот за нихилисти „мразам" е лајк.


 Книжевен дискурс кој го препорачувам - пишување со душа.


П и Џ - азбучна хетеросексуална поза 69.


 $ му рекло на # - а ти остана зад решетки?


 / ѝ рекла на \ - на чија страна си?


 Teнис envy - завист помеѓу рекетари.


Како прави психијатар „диши-диши"?


Која била првата реченица на асистентот на Бел, кога овој го тестирал телефонот? „Не се дери, те слушам".


 „Ќе платиш за ова" - постпејд клетва.


 „Со коњи да не тропате" - фолклорен концепт за mute.


Во мобилно тело, фиксен дух. #старалатинска


 „Каде е син ти Константин?" - Ене го, на плејстешјн. #револуционерна


 A мајка Македонија е MILF?


 Still water runs deep - Негазирана вода брег рони


 Агенција за недвижности „Стивен Хокинг".


 Касино „Владимир Комаров"


 Бербер „Кој те шиша".


 Oптика „Киклоп".


 Рекламации за Меморил примаат само ако си заборавил зошто воопшто си дошол кај нив.


 Meѓу нас има хемија. Ми предизвикуваш киселини.


 И на жените више им е преку кур.

Продолжение: Збирка бр. 2

22 април 2013 - 12:32