По растечките тензии и неможноста да се согласат околу енергетика и одбрана, Франција и Германија го одложија долго планираниот самит. Макрон го канселираше Шулц.
Официјалната причина за ова што ја даваат Париз и Берлин се „проблеми со агендата на некои министри.
Ова е луд изговор, иако делумно е точен (најмалку пет германски министри, вклучувајќи го и министерот за надворешни Баербок, се пожалија дека самитот закажан за следната среда го попречува нивниот одмор.)
Иако сочувствувам со министри како Баербок и Фесер, кои сакаат да одат на одмор со нивните деца кои исто така следната недела не се на училиште, тоа не може да биде причината за откажување на таков самит сред воена и енергетска криза (исто така тоа не е вистинската причина).
Секако би можел да го прекинеш одморот на еден ден или да ги земеш децата со тебе. Според мене ова е лошо избран изговор за да ги скриеш проблематичните разидувања што ги имаш со Франција околу енергијата, и срамот дека на Париз му е смачено од тоа и побарал откажување.
Вистинските причини за одложувањето:
- Големи разидувања околу енергијата (Франција сака ограничување на цената на гасот и струјата исто како и Шпанија, два предлога што Германија ги отфрла.) Берлин и Париз исто така не се согласуваат и околу Мидкат гасовод (од Шпанија преку Пиринеите до Франција).
- И секако, само помалку сериозно, одбранбената соработка.
Сепак кога двете најголеми политички и економски сили на ЕУ не можат да се договорат и мора да одложат долго планиран самит, проблем има целата ЕУ.
Судирот доаѓа пред клучниот самит на ЕУ лидери во Брисел, закажан за крајот на неделава. Тука ја имате оваа приказна.
А дополнително за тензиите меѓу Германија и Франција околу гасоводот имате тука.
Сето ова е надополнето од големата фрустрација во Париз околу германската еднострана одлука за истурање на 200 милијарди евра во својата економија како мерка за справување со енергетската криза.
Франција се жали дека не добила ни најмал сигнал пред Германија да го објави ова.
Ханс вон дер Бурхард,
@vonderburchard