Климент, отец на својата светлина

Ај малку различност во целиов хаос. Пренесовме за тивкиот човек од Охрид лани, кога ја имаше завршено својата Фибоначи лампа (види ја статијата: "Некој во тиквата гледа семки, некој..."). Една година подоцна Климент го вади своето ново ремек дело во кое се препознава истата посветеност. Многу часови дневно, секој ден, цела година.

Во ваквото уметничко монаштво ќе ги препознаете зборовите на Андриќ кои ги пренесовме пред некој ден:

"Работете ја својата работа, не гледајќи ни лево ни десно но својата цел поставете ја високо, и барајте малку од светот околу себе (колку помалку, тоа подобро!) но многу од себе и своето дело".

Охрабрува чувството дека овде уште има луѓе кои таму некаде, во својата соба, од својот труд, ја создаваат сопствената светлина. И бараат многу од себе и своето дело. Тоа се правите херои, браво Климент.

повеќе

 

7 мај 2016 - 11:10