Уверен сум дека повеќето од нас на почетокот си задале премногу мала и премногу блиска цел и дека можеле и повеќе и подобро од она што посакале да го направат и постигнат.
Сакајте многу, тежнејте смело и далеку и високо, бидејќи високите цели откриваат и ги умножуваат силите во нас.
Тежнејте смело кон совршенство на големи дела, а работете посветено и трпеливо на ограничените и мачни поединости, без евтино самозадоволување и суета на големина.
Живеете со своите цели а се трошите немилосрдно на сиви и невидливи работи секој ден и час.
Често помислувајте дека животот е посилен a светот побогат отколку што во секој поединечен момент можеме да согледаме и не заборавајте дека во секој од нас има непознати можности, дека во од стекнуваме сили. Да се сака далеку и да се посакува многу кога е збор за поставување несебични цели, не е грев, не е опасно.
Погрешно е и опасно да се зададе премногу блиска мета бидејќи тоа значи да се изневериш и себе и другите, да му останеш должен на животот.
Бидете недоверливи и реални, строги кон себе при изведување на секоја поединечност, скромни при нивната оценка, но при поставувањето цели бидете храбри и великодушни, мислете смело и гледајте далеку.
Иво Андриќ