Студијата на Универзитетите од Портланд и Аризона ни по обем ни по далекусежност на резултатите не е нешто револуцинерна но е интересна затоа што отвора сосема нов простор за проучувување на старите вредности.
Тие се запрашале како со рамноправноста стојат црнците во Америка кога се наоѓаат на пешачки премин.
Одбрале мостри, чекале, броеле и утврдиле дека во однос на белец, двојно повеќе автомобили поминуваат додека на црнец му застане кола за да го пушти на зебра. Во просек, Афро-Американците чекаат третина повеќе време на пешачки отколку белците. Бојата на кожата на возачите овојпат не била разгледувана.
Кога човек треба да донесе некоја брза одлука, нема време да размисли и да донесе најразумна одлука па добро маскираните предрасуди можат да излезат на површина и несвесно да раководат со одлуката, сметаат истражувачите.
Неповрзано со студијава и недоволно проучено што е причината, но факт е дека во САД гинат 60 проценти повеќе црни пешаци отколку бели.
Студијата пред сè е корисна како методолошка иновација да се истражува јавниот простор и однесувањето во него како арена на која можат да се следат нијанси во подлабоките вредносни структури на луѓето.