Деновиве 19-годишната Тунберг во интервју за германските медиуми изјави дека, соочена со другите две опции (премрзнување или јаглен), нуклеарната енергија сепак и не е така лоша, па препорача Германците да се откажат од планираното затворање на нуклеарните централи.
„Ако веќе имаме нуклеарни централи кои се во погон, мислам дека би било грешка тие да се изгасат и да се свртиме на јаглен,“ одговара Тунберг на прашањето дали нуклеарната енергија е препорачлива за климата.
Германија, главно под притисок на Зелените, нелогично ја тера агендата за затворање на нуклеарните централи, а во исто време почна да ги отвора одамна затворените електрани кои работат на јаглен.
Моментално Германија плаќа до 450 милиони евра на сопствениците на затворени електрани на јаглен да ги подготват за итно користење за зимава.
За Германците добивањето струја од нуклеарни реактори е далеку поконтроверзно отколку повторно стартување на електраните на јаглен.