Тинејџерска рецензија на социјалните мрежи

19-годишен студент на Универзитетот Тексас, Остин, дава свое тинејџерско (за малку) мислење на социјалните медиуми што ги користи, и каков е неговиот став, и на тие што му се генерација, околу секој до нив.

ФЕЈСБУК
- На кратко сите не' имаат сфатено. Тој е мртов за нас. Фејсбук е нешто во што сите сме влегле во средно затоа што било кул, ама сега е нешто како непријатна семејна вечера од која не можеш да станеш.

- Чудно е, а некогаш и непријатно да имаш Фејсбук, ама па е уште почудно и понепријатно да го немаш.

- Фејсбук најчесто се користи заради групите, па многумина се најавуваат само за да проверат што има на групите во кои членуваат, и потоа се одјавуваат. Ова е стварно добра функција на ФБ, затоа што кај групите ги немаш комплицираните алгоритми кои бираат што ќе ти се појави на ѕид, туку цело време ја гледаш најновата информација.

- Популарно е испраќањето пораки, посебно затоа што можеш да разговараш со луѓе на кои ти е непријатно да им го бараш телефонскиот број, ама можеш да им пратиш барање за пријателство.

- Одличен е кога ти треба да најдеш некого. Ако запознаеш некого, не го бараш на Твитер или Инстаграм, туку на Фејсбук.

ИНСТАГРАМ
- Неспоредливо најкористениот социјален медиум за мојата старосна група. Не социјална мрежа, туку медиум. Иако најголемиот дел од луѓето се на Фејсбук, во реалност работи објавуваме на Инстаграм.

- Фасцинантно е кога ќе видам пријателка со 1500 пријатели на Фејсбук како добива само 25 лајкови, а истата таа на Инстаграм (со 800 следбеници) има 253 лајкови. Претпоставува дека ова се случува затоа што:

+ Не сум преплашен дека кога ќе лајкнам нешто на Инстаграм тоа ќе се појави кај сите на ѕид, и ќе направат скриншот од тоа или ќе го чуваат како референца за подоцна. Истото важи и за коментирањето.

+ Немам притисок да следам некој што ме заследил, ова значи дека на фидот ми се појавуваат работи што ме интересираат.

+ Содржината на ИГ обично има повисок квалитет (квалитет на фотографија).

+ Уште не е преплавен со луѓе постарата генерација.

+ Тагирање, не мора постојано да проверуваш дали си тагиран на некоја фотографија и тоа да го видат сите твои пријатели. Сето ова е многу поприватно решено на ИГ.

+ Луѓето не постираат по 10000 пати на ден.

- Фејсбук ги добива сите фотографии што сме ги направил (добри, лоши...), а Инстаграм само тие што се стварно добри.

ТВИТЕР
- Да бидеме искрени, многу од нас не го разбираат Твитер. Секогаш има група закоравени корисници кои многу религиозно твитаат. и друга група која само гледа или ретвитува, ама освен нив, не така многу ја користат.

- Исто така не е екстремно лесно тука да се најдат пријателите. Многумина го користат само за да се жалат за нешто, во околина во која е малку веројатно дека некој (тој на кој е насочена поплаката) ќе го види тоа.

СНАПЧАТ
- За кратко време станува најкористената социјална мрежа.

- Местото на кое навистина може да бидеме самите себе, а истовремено да не го криеме нашиот идентитет. Го нема константниот притисок за тоа колку следбеници имаш, како на Фејсбук, и не сум постојано бомбардиран со непознати ликови, како на Фејсбук.

- Снапчат е нешто како интимна мрежа на пријатели за кои не ти е гајле дали ќе те видат како се забавуваш и што правиш.

- Не мора да се секираш за лајкови или коментари, и генерално го нема општествениот притисок од останатите мрежи.

- Ретко кој верува дека Снапчат навистина ги брише твоите слики и на никој речиси и не му е гајле за тоа.

ТАМБЛР
- Тајно друштво во кое сите членуваат, ама за кое никој не зборува. Заради недостатокот од каков било идентитет, се смета за "зона без осудување."

Други, набрзинка:
ЛИНКДИН - мора да се зачлениме на ова. Најголемиот дел чекаат до колеџ за да се зачленат.

ПИНТЕРЕС - претежно доминирано од жени и е за луѓе со уметнички / хипстерски фокус. Не премногу луѓе зборуваат за ова.

ВОТСАП - Се зачленуваш само кога одиш во странство и таму го користиш на кратко пред да му се вратиш на АјМесиџ и Фејсбук Месинџер, потоа го бришеш.

ВАЈН - апликација што многу од моите врсници ја користат за консумирање содржини, ама не и за да создаваат содржини. Најголемиот дел следат познати корисници на Вајн.

ГУГЛ+ - Лично не познавам човек кој активно користи Гугл+. Сум слушал од пријатели дека Гугл+ е одличен за фотографии и го фалеле Хенгаутс, ама толку.

13 јануари 2015 - 15:44