таг: социјални медиуми

Направи сам нешто за себе

Кејси Неистат е една од најголемите глобални ѕвезди на социјалните медиуми, со бројки од типот 11 милиони претплатници на Јутјуб, и стравопочит од секој еден од негова фела каде и да се појави. На кратко, Неистат одлучи да се откаже од социјалните медиуми (Твитер и Инстаграм), затоа што му е смачено од истата работа од која и вам ви е смачено само не преземате ништо околу тоа - социјалните медиуми се претворени во комплетно бесцелно губење време, кое не си ни свесен дека ти се случува. А дечкото не прави ништо радикално, туку само решава да ги избрише апликациите од својот смартфон, што е буквално еден потег пер социјална мрежа. Повеќе

Магичниот круг на ужасот на социјалните медиуми

На Фејсбук и посебно Инстаграм луѓе изгледаат како да имаат подобар и посреќен живот отколку што стварно имаат. Луѓе ги гледаат ваквите фејк претстави, потајно мислејќи си - нит сум толку среќен, нит така добро изгледам, значи сигурно не ме бива. И кругот се повторува. Во реалноста, првите ниту се толку способни, ниту се толку среќни (добар дел страдаат од депресија и слично), а и никој не изгледа добро цело време; вторите, не се ни толку несреќни, ни толку грди. Дослушајте што друго имаат да кажат Елон Маск и Џо Роган на тема социјални медиуми. Повеќе

Како тинејџерки мислат дека треба да изгледаат за на Инстаграм
Selfie-harm

Фотограф ангажира 15 тинејџери на возраст од 13 до 19 години, ги фотографира и има ги дава сликите да ги уредат колку што мислат дека треба пред да ги објават на Инстаграм или кој и е да е друг социјален медиум. Повеќе

Твитер треба да го укине ретвитот

Зошто? Затоа што „опцијата го исфрла од шини секој здрав разговор и ги лови најлошите инстинкти на корисниците“. Повеќе

Лајффејкер, кога мислењето на другите ви е поважно од сè

Лајффејкер е нов сајт кој за евтини пари нуди пакети со фотографии за постирање на социјални медиуми, кои ќе направат да изгледате како да имате супер интересен живот. Во понудата има пакети како „Гледај каде бев на одмор и плачи“, „Дури и моето маче / куче е посреќно од тебе“ или „Гледај што ручав“. Она што е најважно за Лајффејкер е дека е лажњак и сајт направен од стартапот за ментално здравје Санктус кој со проектот „сака да го нагласи нездравото однесување на социјални мрежи и нивното штетно влијание врз менталното здравје.“ Повеќе

За дератизацијата на социјалните мрежи

Нема ден да пројде а нормален човек да не се запрепасти каков сè отров се има проширено на социјалните мрежи. Ама па цензурата е крајно лош и практично неприменлив противотров. Особено што сега оваа валкана работа државите елегантно ја аутсорсираат па на приватни компании им препуштаат да проценуваат што може а што не може да оди во јавност.   Повеќе

Ти против твојот тајмлајн
Човекот што 2 месеца вестите ги дознаваше од весник

И покрај тоа што комплетно се изолира од електронски извори на вести или нотификации од кој било вид, сепак информацијата за масакрот во Паркленд некако успева да се пробие до Фарад Манџу од Њујорк тајмс. Освен инцидентот тој успешно го завршува 2-месечниот целибат. Повеќе

Создадовме алатка која го уништува човековото општество
Поранешниот директор на Фејсбук за Фејсбук:

Чамат Палихапитија е меѓу најраните вработени на Фејсбук, а подоцна станува и директор во компанијата, пред да одлучи дека има доволно пари за да ја напушти и да оформи сопствен инвестициски фонд. Денес не само што е разочаран од тоа во што се претворил Фејсбук туку и искрено е уплашен. Повеќе