Тинејџерите на располагање имале 5 минути и која и да е апликација за уредување (разубавување) што ја користат за својата слика да ја дотераат да изгледа „спремна за социјални медиуми“ според нивни лични стандарди.
Ниту една од тинејџерките, без разлика на извонредноста на првата фотографија, не се бендисала како излегла на оригиналот. Притоа сите изјавиле дека повеќе сакаат кога нивните слики не се уредувани.
Речиси сите обавезно го намалиле носот, го стесниле лицето и ги избришале или стишиле пегите. Дел од нив си ги зголемиле очите и усните, и ставиле шминка.
„Луѓето ги копираат своите идоли, и сето тоа за лајкови на социјални медиуми.
Ова е само уште една причина зошто живееме во свет на ФОМО, тага, зголемена анксиозност и Снапчат дисмофрија.
Не ми се веруваше колку голема разлика прават и малите промени. Толку е просто, речиси како да правиш цртан лик од самиот себе.
Време е да се признаат штетните ефекти на социјалните медиуми врз претставата за себе што ја имаат луѓето,“ објаснува фотографот зад проектот, Ранкин.
Споредувајќи го она што го имаат тинејџерите на располагање во форма на апликации со филтри или автоматско разубавување, Ранкин објаснува дека тоа е „како на тинејџерите на располагање да си им дал Фотошоп експерт“.
„Во добата на инфлуенсерите, нас се повеќе присилно ни натураат илјадници фотографии секој ден.
Хиперретушираните, сексуално седостапните лесносварливи фотографии се служат инстантно и краткотрајно. Тие често нè оставаат шупливи и неадекватни.
Ова се празни калории. Визуелни калории со кои се гоштеваме само затоа што се таму. Нашиот апетит за овој вид содржини е незаситен. Ова е визуелен шеќер и ние сме навлечени на него.
Премногу консумирање на овие содржини сериозно му штети на нашето ментално здравје,“ се објаснува на сајтот зад изложбата Визуелна диета.
Фотографиите. Пред е дело на Ранкин, потоа е дело на самата девојка: