Фотограф ангажира 15 тинејџери на возраст од 13 до 19 години, ги фотографира и има ги дава сликите да ги уредат колку што мислат дека треба пред да ги објават на Инстаграм или кој и е да е друг социјален медиум.
Тоа што немаш бубуљици и што веќе не растеш така нагло значи дека само физички не си тинејџер, ментално оваа фаза ти трае до 24 години, покажува нова студија која потврдува нешто кое родителите веројатно цело ова време го знаат.
Разговорот е со околу 60 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, темата претежно се однесува на нивните дигитални навики, поп култура и нешто политика. Вака стојат работите со нив околу 2016-та.
Шкотска направи дабл-дабл во решавањето на алкохолизмот, откако со еден потег успеа да го намали консумирањето алкохол меѓу тинејџерите, а притоа ништо да не им наруши во пиењето на недолжните не-тинејџери.
Стануваат родителите и сфаќаат дека нивните две ќерки тинејџерки ги нема дома. Добра вест: подоцна маливе се јавуваат. Лоша вест: се јавуваат од Сирија, ќе терале џихад.
Младата популација која евангелски го рашири гласот за феноменот Фејсбук, сега полека ја напушта платформата откако на неа дојдоа нивните мајки, татковци, вујковци и стрини.
Планетарната популарност на „50 нијанси сиво" поттикна воспоставување нов книжевен жанр наречен „стими" - блага еротика за тинејџери, кои допрва влегуваат во светот на сексуалноста.
Несредените семејни односи, општиот стрес на живеењето и дебелината се трите главни причини што денес девојчињата влегуваат во пубертет 5 години порано отколку пред еден век.