Хормоналните проблеми како регуларен виновник за раниот пубертет, всушност се активирани од товарот на модерните социјални односи, а тука посебна улога играат растурените семејства и отсуството на татко, објаснуваат од Универзитетот во Единбург.
"Имаме примери на ран пубертет во ситуации кои ги оценуваме како стресни за девојчињата, на пример кога се посвоени или кога растат без нивниот биолошки татко. Може да имаат очув или да живеат на две места. Ова е навистина стресно и денес е доста често," објаснува професорот Ричард Шарп од Универзитетот во Единбург.
Едно претходно истражување на Универзитетот Беркли покажа дека кај девојчињата напуштени од нивните татковци имало 2,4 пати поголеми шанси да почнат да им растат гради на рана возраст. Кај најголемиот дел од нив ова се случило на 9 години, а кај некои и на 7.
Едно од објаснувањето за оваа ситуација е преголемото лачење на машкиот хормон - андроген, кој девојчињата природно го произведуваат за време на пубертетот. Но овој хормон може да биде произведен порано и во поголеми количества како последица на стрес.
Како можни ризици од ова се наведува предвремената сексуална активност на девојчињата и тинејџерска бременост, а се поврзува и со зголемен ризик од рак на дојка.