Пороци

„Воук кокаин“ за прогресивни шмркачи

На Британците кои сакаат да си ја олеснат совеста затоа што горивото за нивната кокаинска навика, додека дојде до кај нив, носи и крвопролевање и жртви, сега се мета на цинични но досетливи дилери на дрога. На таквите разбудени џанаци им продаваат „етички кокаин“ чие потекло и производство наводно не е морално спорно и доаѓа од „одржливи извори“. А овие безпроблем  ја шмркаат и таквата глупост.  

Оземпик да ти бил добар и за алкохол

На лекот за дијабетес кој стана популарно средство за слабеење, му нашле уште една употребна вредност што може да им помогне на милиони луѓе. Студија во Шведска покажала дека луѓе кои користат Оземпик имаат помали шанси да завршат во болница поради злоупотреба на алкохол. Накратко, со Оземпик нит ти се јаде, нит ти се пие. За секс уште не се знае.

Декриминилизарана дрога многу се опушти

Пред четири години Орегон го донесе најлибералниот закон во САД за декриминилизарање на дрогите. Во меѓувреме, злоупотребите на дроги и несаканите општествени нус-појави толку многу се прошириле што веќе не можеш дете да пуштиш на улица. Сега повторно ја криминализираат дрогата, дилерите ќе се казнуваат а оние со мали дози ќе бираат меѓу казна и превоспитување.

Тутунски банди водат војни по Австралија

Упорната, неколкудецениска војна против цигарите и пушењето во Австралија резултираше со стабилен и постојан пад на бројот на пушачи во земјата. Сè додека тој пад одеднаш не престана и покажа дека постои одреден дел од луѓето кои ќе продолжат да пушат без разлика на сè. А тие се доволно голем и добар пазар за да се заинтересира подземјето.     

Англија забранува пушење и на тераси и бавчи

Како животот да не е доволно напорен па новиот британски премиер реши на човек да му се ускрати да се олабави со чаша пиво и цигара во отворените делови на пабовите. Семоќната и сеприсутна држава ќе казнува ако се запали цигара и на терасите на рестораните и тоа го прави кога на нејзините млади им се пробува нешто пркосно, спротивно од она што им се наметнува.

Зошто млади и кул луѓе пак фаќаат да пушат?

Од денешната млада и кревка генерација која знае беспоговорно да слуша авторитети, особено во врска со здравјето, најмалку се очекуваше да се фати за цигара. Нема место за паника, бидејќи оние кои пушеле многу повеќе од нив, создале патишта, железници, книги и филмови кои уште се користат и во кои уште се ужива. Дали пушењето можеби е првиот знак на независност на „снегулките“ од естаблишментот? 

Во Америка повеќе се дува отколку што се пие

За прв пат бројот на Американци кои користат марихуана речиси секој ден е поголем од бројот на оние кои пијат со иста ваква динамика, за што во добар дел помогна и легализирањето на марихуаната во половина од американските сојузни држави.

Џанаците да не лижат жаби

„Како и со поголемиот дел од она што може да го сретнете во националниот парк, ве молиме воздржете се да го лизнете. Ви благодариме“ своевремено објави Американската агенција за  национални паркови. Се работи за една речна жаба која во случај на опасност се брани со испуштање отров преку кожата. Ама истовремено тоа е и најсилниот психоделик на светот, па, нагрнале заинтересирани.     

Живот без ризици не вреди да се живее

Британија носи закон по кој на сите кои родени по 1 јануари 2009 ДОЖИВОТНО ќе им биде забрането да купат тутунски производи. По него, во 2091 година, 83-годишник со рак во терминална фаза не ќе може да купи кутија цигари, ама затоа неговиот 84-годишен цимер ќе може. После која ли генерација со вакви закони Британците ќе станат совршени луѓе, убер- раса, никогаш дебели, никогаш пијани?

Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

Британските фанатици за јавно здравје имаат нов непријател на повидок: пурите и лулињата. Вадат статистички податоци со фабричка грешка за да ја оправадат својата намера сè што ќе им текне да биде внесено во оној закон по кој на сите родени после 2008 година доживотно им се забранува да купат тутун. Најмногу им било за децата. А никој не гледа сурија деца со лулиња во уста.     

Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

Амстердам сака да легализира кокаин

За да се намали ќарот и исплатливоста на нелегалната продажба на кокаин, градоначалничката на Амстердам побара регулирање на продажбата и употребата на супстанцата, слично на формулата што беше искористена за марихуаната.

Швајцарија ќе го легализира кокаинот

Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот, признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Иако запленуваат стотици тони годишно, преплавени се со кокаин. Белото таму никогаш не било поквалитетно и поевтино. Една доза најчист кокаин се продава по цена не многу поголема од онаа за едно пиво. 

Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Новиот извештај на Обединетите нации тврди дека одгледувањето на афион и производството на опиум во Авганистан по ново е намалено за 95% откако Талибанците решија да ја забранат оваа култура.

Синалоа картелот забрани производство на фентанил

Се работи за водечкиот извозник на фентанил во САД, кој по наредба на Чапитос групата (предводена од четворицата синови на Ел Чапо) во иднина не смее ниту да произведува ниту да шверцува од крајно смртоносната дрога.

Ова со климатските промени станува сериозно

Цената на пивото (барем во Британија) веќе е порасната за 13% од пандемијата, а не само што ќе продолжи да расте туку и пивото ќе стане погрдо од тоа што е сега, е предупредувањето за тоа како глобалното затоплување ќе влијае на пивото.

Кај што нема дим, има авторитарност

На конференција на Ториевците, премиерот Риши Сунак се откажа од проектот за брзи пруги па затоа мораше да понуди нешто друго „големо.“ Понуди ригорозна политика против пушењето. „Ова е потсетување како недостатокот на политичка визија, технократи како Сунак го компензираат со тривијален авторитаризам,“ пишува во текстот „Англија без цигари е неслободна Англија.“

Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Кокаинот на пат да биде главен извоз на Колумбија

До 2022 главен извозен производ на Колумбија беше нафтата, од годинава на првото место се очекува да избие кокаинот засенувајќи го целиот останат легален извоз што излегува од земјата.

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Експериментот што пред 20-на години го почна Португалија со укинување на казните за поседување и користење дрога (вклучително кокаин и хероин) е хвалоспеван и инспирација за слични проекти низ цел свет. Последно од него е дека се претера со декриминализацијата, и малку треба да се стегне.

Бад лајт веќе не е ни во топ 10 пива во Америка

Некогаш најпродаваното пиво во Америка падна од листата на 10 најпопуларни пива во земјата откако неколку месеци не може да се раатиса од маркетинг одлуката да го ангажира транс-активистот и инфлуенсер Дилан Мулвејни, за свое заштитно лице.

Талибанците ја спроведоа најуспешната акција против дрогата во човековата историја

Во 1971 американскиот претседател Ричард Никсон ја започнува „војната против дрогите“ и во следните 50 години таа не успева да направи поголема штета во авганистанските капацитети за производство и извоз на опиум. Во април 2022 Талибанците почнаа своја акција против производството на дрога во земјата, и производството речиси згасна.

Газдата на продавницата за хероин и кокаин почина од предозирање

51-годишниот Џери Мартин во Ванкувер отвори гранап за легална продажба на тешки дроги за да им даде на наркоманите пристап до чисти и квалитетни дроги, откако тие беа дозволени со канадските закони. Пред неколку дена е најден предозиран.

Ни Талибанци не можат да им го фатат крајот на американски невладини

Една од ретките добри работи што Талибанците ја прават низ Авганистан, на купот ужаси, е дека се страшно многу ефикасни во уништувањето на посевите со афион и трговијата со дрога. Е сега и тоа не им чини на американските НГО-а и експерти.