Џанаците да не лижат жаби

„Како и со поголемиот дел од она што може да го сретнете во националниот парк, ве молиме воздржете се да го лизнете. Ви благодариме“ своевремено објави Американската агенција за  национални паркови. Се работи за една речна жаба која во случај на опасност се брани со испуштање отров преку кожата. Ама истовремено тоа е и најсилниот психоделик на светот, па, нагрнале заинтересирани.     

Bufo alvarius е најголемата жаба во северна Америка, знае да достигне и до 18 сантиметри а живее во и околу реката Колорадо на југозапад од САД.

Нејзиниот одбрамбен механизам се содржи од силен отров кој може да усмрти и големо куче но во него има и нешто што се вика 5-MeO-DMT што се смета за досега најсилната позната халуциногена супстанца на светот. 

Халуцинациите кои ги предизвикува се краткотрајни во споредба со други (15 до 30 минути) но се извонредно интензивни. Замолницата да не се лижат жабите е првенствено за да се спречи внес на останатите отрови кои можат да доведат до до екстремно несакани нуспојави.   

За тој вид жаба не се заинтересирани само авантуристи и потенцијални  шамани туку и науката која со децении истражува како од овој и сличен халуциноген (ЛСД, МДМА псилоцибин...) да се добијат корисни здравствени препарати.

Досегашните истражувања покажале дека на синтетизираната супстанца 5-MeO-DMT реагираат рецепторите на серотонин кои се клучни за адресирање на проблемите со депресија и стравови.

 

 

20 мај 2024 - 13:04