Македонецот во лавиринтот на времето

Убедливо најхалуциногената ТВ ситуација во врска со времето (што е тоа? како тоа тече? кај сме ние во сето тоа?) е онаа кога легендата Бошко Трпески во емисија рече: „Знаев дека оваа емисија ќе предизвика големо внимание и слушам како во режија телефоните веќе ѕвонат но, за жал, нема да можеме да се јавиме бидејќи ова е снимена емисија“(?!?!). А сега имаме и ситуација за сребрен медал. 

На Роби треба да му се даде бенифициран стаж заради сè што преживува во програма, или барем почесно столче кај Пуно.

 

12 јуни 2017 - 10:42