Шанкерска економија

Да претпоставиме дека секој ден 10 мажи одат на пиво и на крај заедничката сметка им излегува 100 долари. Ако ја плаќаат сметката според начинот на кој ги плаќаат даноците, тогаш тоа ќе изгледа нешто вака:

- првите четворица (најсиромашните) нема ништо да платат.

- петиот ќе плати 1 долари.

- шестиот ќе плати 3 долари.

- седмиот ќе плати 7 долари.

- осмиот ќе плати 12 долари.

- деветиот ќе плати 18 долари.

- десетиот (најбогатиот) ќе плати 59 долари.

Сите десетемина се сложиле токму така и да ја плаќаат сметката. Секој ден се среќавале на пиво и сите биле среќни со договорот, сè додека еден ден сопственикот не ги исфрлил од баланс.

"Бидејќи сте ми добри муштерии, ќе ја намалам вашата секојдневна сметка за пиво за 20 долари," им порачал докторот. Сега пивото за десетмината чинело само 80 долари.

Групата сè уште сакала да ја плаќа сметката како што ги плаќа даноците, па првите четворица останале на исто. Тие и понатаму ќе пијат бесплатно. Меѓутоа што се случува со останатите шестмина, како тие ќе го поделат попустот од 20 долари, за секој да добие "фер" дел?

Тие сфатиле дека 20 долари поделено на 6 е еднакво на 3,33 долари. Меѓутоа ако тоа се одземе од уделот во сметката на секој од групата, тогаш петиот и шестиот на крај ќе добиваат пари за тоа што пијат пиво. Затоа, сопственикот на барот предложил дека би било фер ако сметката на секој од нив се намали за отприлика иста сума, и пресметал колку на крај секој од нив би требало да плати.

Па:

- петиот, како и првите четворица, сега ништо не плаќал (100% заштеда).

- шестиот сега плаќал 2 долари наместо 3 (33% заштеда).

- седмиот сега плаќал 5 наместо 7 долари (28% заштеда).

- осмиот сега плаќал 9 наместо 12 долари (25% заштеда).

- деветиот сега плаќал 14 наместо 18 долари (22% заштеда).

- десетиот сега плаќал 49 наместо 59 долари (16% заштеда).

Сите шестмина сега плаќале помалку од претходно, а првите четворица продолжиле да пијат бесплатно. Меѓутоа, кога излегле од ресторанот, мажите почнале да споредуваат колку заштедиле.

"Јас добив само долар од 20-те, но тој доби 10 долари," изјавил шестиот, покажувајќи кон десетиот.

"Да, токму така. И јас заштедив само долар. Не е фер што тој доби 10 пати повеќе од мене," изјавил петиот.

"Точно, зошто нему да му вратат 10 долари, кога јас добив само два? Богатите ги добиваат најголемите олеснувања," се приклучил седмиот.

"Чекајте малку, ние ништо не добивме, системот ги искористува сиромашните," едногласно се развикале првите четворица.

Деветемина одеднаш го опколиле десетиот и го истепале.

Следната вечер десетиот не се појавил на пијачка, па деветмината седнале и се напиле пиво без него. Меѓутоа кога дошло време да ја платат сметката, откриле нешто важно, деветмината заедно немале доволно пари да платат ниту половина од сметката.

И токму тоа драги момци и девојки, новинари и универзитетски професори, е начинот на кој функционира даночниот систем. Луѓето кои ги плаќаат највисоките даноци, имаат најголем ќар од даночните олеснувања. Ако ги оданочувате премногу и ги напаѓате за тоа што се богати, тие едноставно ќе решат повеќе да не доаѓаат. И ќе почнат да пијат некаде на друго место, каде што атмосферата е многу попријателска.

Дејвид Р. Камерчен,
професор по економија од Универзитет во Џорџија

11 септември 2018 - 13:32