Точно нула. Апсолутна нула, број што и годинава не е променет исто како и лани, покажува последниот извештај на американскиот Центар за контрола на болести.
Американците не умираат од марихуана но затоа умираат од многу други, дозволени и недозволени супстанци.
Вкупно 17, 465 лица починале од преголеми дози на забранети дроги како хероин или кокаин, а уште повеќе од тоа, 25,760 луѓе, не се веќе живи заради злоупотреба на препишани лекови, главно аналгетици и седативи.
Последново добива размери на епидемија и лани имаше дури 14 % повеќе смртни случаи на рецепт отколку претходната година.
А најдостапниот меѓу сите, алкохолот, ги убива Американците со стапка која не е забележана последниве 35 години. Преку 30.700 Американци починале од нешто поврзано со конзумирање алкохол. Во бројката не се вклучени смртните случаи од пијано возење; во таков случај, завршната сметка би била 2,5 пати поголема.
10 спрема 1.000 е односот на ризиците. Пиењето алкохол 10 пати повеќе од нормалното во рок од 5 до 10 минути може да биде фатално. Пушењето марихуана исто така, ако (се успее да) се земе 1.000 пати поголема доза.
Иако односот на јавноста кон легализацијата е генерално променет, нејзини главни противници остануваат:
- фармацевтското лоби (кои ќе изгубат ужасно многу ако пациентите масовно се свртат кон медицинската марихуана за третман)
- полицијата (за да не изгубат добар дел од буџетот кој го добиваат на име на борба против наркотиците).
Дури и меѓу претседателските тркачи за 2016-та, Берни Сандерс е единствениот кандидат од двата блока кој бара целолсна легализација и отстранување на марихуаната од федералната листа на која се наоѓаат супстанци како хероин и ЛСД.