Две книги од областа на историјата на книжевноста и медицината откриваат дека мумифицираните и свежите човечки остатоци биле вообичаена состојка на лековите. И тоа не така одамна.
Заради претераното користење, антибиотиците стануваат сè помалку ефикасни бидејќи бактериите стануваат отпорни на нив. Проблемот е поголем отколку самиот рак.
Болниците и аптеките законски се должни да ги фрлаат лековите со минат рок на траење без разлика колку се неопходни или скапи. Во исто време, дури и на најнадлежните власти им сосeма јасно дека најголемиот дел од лековите се безбедни и употребливи со години (и децении) по рокот испишан на нив.
Конечно некој да има каже доста на оние манипулативни реклами кои сугерираат една илузија дека нивниот лек точно да знае каде да отиде во телото и таму на лице место да го среди проблемот.
Употребата на седативи од типот на Ксанакс или Валиум (група лекови кај нас деминутивно нарекувани „дијазепамче", што само по себе делува смирувачки) е во пораст, а бројот на смртни случаи заради предозираност континуирано се зголемува во последниве неколку години.
Лани, кога за 50 пати ја крена цената на Дараприм, аргументот на Шкрели беше - што сакате зборете за мене, ама сите го прават ова. Излезе дека, иако не е оправдание, аргументот му е на место.
Откако марихуаната се легализираше во 23 американски сојузни држави, редно е да се види бројката на Американци кои годинава умреа од предозираност со таа страшна билка. Бројката е сигнификантна.
Како и во претходните случаи на H1N1 и Сарс, паниката од ебола драстично го намалува менталниот имунитет на човекот кој станува подложен на напад на разни превари кои му нудат спас, меѓу другото и змиски отров.
Американците земаат сè помалку лекови, сè поретко одат на лекар и сè помалку се јавуваат на Брза помош. Не затоа што се сè поздрави туку затоа што се сè посиромашни.