Невработеноста и економската криза се главните причини што Американците одат поретко на доктор и земаат помалку лекови, покажува студија на Инсистутот за здравствена економија.
Просечно американско семејство оваа година ќе потроши 20.000 долари на здравствени услуги.
Паѓаат бројкте во сите сегменти. Посетите на доктор се намалени за 4,7 проценти, завршувања во Брза помош годинава има помалку за 7,4 проценти, а истиот тренд важи и онаму каде што со години постоеше пораст на побарувачката за здравствени услуги - кај возрасните лица над 65 години.
Заради проширената позитивна листа на лекови, потрошувачката на приватно купени лекарства е помала за 1,8 милијарда долари.
Зголемен број рецепти е забележан кај младата популација бидејќи здравстената реформа на Обама предвидува младите да можат да бидат осигурани преку нивните родители до нивната 26-та година.