Денес во форма, природно хрането, витко и по можност што помладо тело, сигнализира припадност и успех, додека сиромаштијата и маргинализацијата се поврзува со дебелина и консумација на алкохол и никотин. Постоењето на осиромашени пониски слоеви на општеството притоа сè повеќе се перципира како резултат на биолошките предиспозиции кои ги спречуваат луѓето да им удоволат на неолибералните барања за адаптирање, мобилност и флексибилност, порачува Фредерике Хаберман во текстот објавен од Ле монд дипломатик.