Без разлика дали бил Лондон, Манчестер, Хелсинки или Париз, посиромашните населби стандардно се наоѓаат во источниот дел од градот.
Проблемот го анализира трио економисти, кои како пример земаат повеќе индустриски градови во Британија од времето на индустриската револуција. Причина за изборот на британски градови е што тие уште од тогаш ја имаат детално мапирано својата површина и што има таму.
Објаснувањето, се базира на загаден воздух, односно тоа дека богатите не сакаат да живеат во делови со загаден воздух, а заради глобалните струи, во овој појас од светот загадувањето речиси секогаш се движи од запад кон исток.