Откако татко му ја завршил фудбалската кариера, семејството Лукаку не можело да си ги приушти ни најнеопходните работи за живот. Мајка му разредувала млеко со вода и земала леб од месната пекара за да ги прехрани децата.
„Секогаш знаев дека живееме сиромашно но кога еден ден ја видов мајка ми како разредува млеко со вода сфатив до каде сме. Разбирате што сакам да кажам? Таков беше нашиот живот.
Не ѝ кажав ниту збор. Не сакав да ја тревожам и го каснав својот оброк. Но тогаш се заколнав пред Бога и си ветив сам на себе. Некој во моментот ги искрцка прстите и како да ме разбуди. Точно знаев што треба да направам.
Не можев да гледам како мајка ми живее во такви услови. Не, не, не. Не смеев да дозволам тоа да продолжи.
Често во фудбалот зборуваат за силата на духот. Не, јас сум најсилниот кој некогаш сте го сретнале.
Се сеќавам како со брат ми и мајка ми седевме во темница, читав молитви, верував, знаев дека се ќе дојде на свое место.
Од прво никому не кажував за зборот кој си го дадов но еднаш кога се вратив од школо ја видов мајка ми како плаче. На крај и кажав: ’Мамо, се ќе се смени, ќе видиш. Скоро ќе играм за Андерлехт и се ќе биде добро, веќе нема да се грижиш како ќе преживееме“.