„Лукаку дојде кај нас во 1999. година. Срамежлив и повлечен едвај прозборуваше. Во прв момент мислевме дека го викаат Ромели, а не Ромелу. Тој тивко се претстави, ние не дослушнавме и потоа се обидуваше добро да го изговори името“, раскажува тренерот Воски во интервју за весниците Het Nieuwsblad и Gazet van Antwerpen.
„Ромелу дојде кај нас на 19 години. Тој беше многу силен и бистар играч, но недоволно спремен на технички план. Ние го спремивме", раскажува Жан Киндерманс, тренерот на младинците на Андерлехт за Гардијан.
За посебна работа со талентираните деца се залагал директорот на фудбалската федерација Мишел Саблон кон крајот на '90-те години.
На Мундијалот во Италија тој бил во тренерскиот штаб на репрезентацијата на Белгија и го составувал списокот на фудбалери кои ќе ги изведуваат пеналите на мечот со Англија во осминафиналето, но Дејвид Плат им дал гол во 119-та минута и списокот останал некаде на клупата.
Белгија долги години беше фудбалски анонимна. Ги пропуштаа сите големи натпреварувања и тогаш Саблон направил план за реорганизација на белгискиот фудбал, а како помошник го земал селекторот на младата репрезентација, Боб Броваис.
„На крајот од деведесетите, сите младински селекции на Белгија играа по ист модел, 4-4-2 со либеро или 3-5-2", вели Саблон за Гардијан. Тој и Бровајс им предложиле на селекторите на сите младински репрезентации да преминат на 4-3-3 затоа што овој систем совршено ги развива способностите на младите играчи.
Исто Саблон и Бровајс сакале сите белгиски играчи да работат на дриблингот и импровизацијата, и барале од сите тренери на јуниорските тимови да отстапат од тактичките замисли и да ги остават децата да играат како замислуваат тие.
Со парите собрани од ЕП 2000, на периферијата на Брисел, Тубизе е изграден фудбалскиот центар. Таму курсевите за тренери биле бесплатни и добиле 10 пати повеќе тренери отколку во '90-те години.
На барање на Саблон, Универзитетот во Леувен, односно професор Вернер Гелс, поранешен фудбалер направил студија на 500 натпревари и тренинзи на децата ширум Белгија. Потоа Саблон се сретнал со директорот на фудбалската академија и им ги покажал резултатите од студијата: Децата до осум години имаат само два контакти со топката за половина час во просек.
Саблон им препорачувал на тренерите да не бркаат победа по секоја цена, туку да внимаваат на развојот на секое дете. Во фудбалски ограниченото време, децата играле по распоред: Оние до седум години играле два на два, а потоа пет на пет. Постарите деца играле седум на седум за почесто да ја допираат топкаат и да ја развијат техниката.
Тренерите на јуниорите одпрвин слушале, но подоцна биле огорчени: „Отидовме во формација 4-3-3 и губиме. Скоро е Европското првенство. Сакате да го следите системот а да не се борите за излез од групата? -Да, тоа го сакам", им одговарал Саблон уверен во својата идеја.
Од 1998. до 2002. година, белгиската фудбалска федерација во соработка со владата отворила осум нови фудбалски школи ширум земјата, за деца од 14 до 18 години. Низ таа обука два пати дневно поминувале Кевин де Брујн, Дрис Мертенс, Тибо Куртоа, Муса Дембеле, Стивен Дефур, Аксел Витцел, Насер Чадли, Тоби Алдервилд, денес сите стандардни репрезентативци.
Плус во 2007. година, Андерлехт го покренал проектот Purple Talents. Во нивните школи децата можеле да ги развиваат техничките вештини, а таму присуствувале браќата Ромелу и Џордан Лукаку (и тој е репрезентативец на Белгија). Истата шема на Андерлехт набрзо ја ископирал и Генк каде поминале Дефур, Де Брујн и Куртоа.
Препораките на Саблон не ги следеле слепо. На пример, во академијата на Андерлехт децата до 14 години играле по шемата 3-4-3, а не 4-3-3 и така одбранбените играчи играле во потешки услови и подобро напредувале.
Како резултат на тоа, Белгија иако пропушти дури пет големи натпреварувања по ред, конечно напредуваше на ранг листата и од 15. октомври лани до 16. април годинава беше прва на ФИФА ранг листата пред Аргентина.