Го имаа тоа порано Јутарњи лист и дузина други формати: купуваш ист производ од неколку различни произведувачи, ги пробуваш и после мудруваш кој е најдобар, а кој не ти се свиѓа.
Нашиов, ете, решил да купи 4 сока од портокал.
* Ние мислиме дека дечково ќе го биде и дека согласно неговите капацитети му претстои убава медиумска иднина. Додуша, да го види видеово оној јунак Паралитико, има да збесне како тоа во државава сè уште има млади луѓе (копилиња, пички, смрадови, дебили, морони, дегени, курви и слични) кои среде дивеењето на режимот се занимаваат со вакви лигави конзумеристички срања чија цел е да прикажат, као, све е у реду со државата и со власта и само уште фали да установиме кој ни е најдобар сок од портокал!
Ок, или од ананас.
Не му кажувајте, ќе треба после да ја читаме и таа преписка меѓу нив, а и двајцата ќе се прават жртви.