Столе јунак фати пенал во 119-та минута, Валенсија победи во 121-ва

Фудбалерите на Валенсија се изнамачија на гостувањето против третолигашот Картагена. Столе Димитриевски му покажа на тренерот, зошто не е голман за на клупа.

Чуварот на голот на Македонија е еден од најзаслужните што Валенсија остана во игра во нокаут фазата од Купот на Шпанија, откако со фантастична интервенција ги спаси од срам во финишот од средбата.

Димитриевски одбрани пенал во 119-та минута при резултат 1:1, а две минути подоцна Хесус Васкез успеа да постигне гол за конечни 1:2.

Натпреварот во регуларите 90 минути заврши 1:1. Домаќините поведоа преку Ортуњо во 21-вата минута, а Лукас Белтран израмни во 79-тата минута.

Валенсија се пласираше во 16 финале од  Купот на Шпанија, а во вторник ќе го дознае следниот противник.

5 декември 2025 - 08:26