Били Кристал:

Првата ноќ на Робин Вилијамс во рајот

Како би изгледал стенд-ап на Робин Вилијамс пред неговите рајски колеги, на првиот ден од неговиот престој таму? Били Кристал се обидува да ја замисли таквата сцена. Ако има рај, тој веројатно изгледа вака.

Фејд ин. Рајот со сета негова убавина. Се движиме низ облаци и ѕвезди додека слушаме звуци на нешто како рок музика и мрморење на возбудена публика, кое се засилува. Како што облаците се разделуваат влегуваме низ врата на која пишува „Големата соба". Таа се отвара, а еден човек нè внесува во неа.

Ентериер. Ноќен клуб.

Убаво украсен, доминира небеска тема. Таванот е цел со трепкачки ѕвезди. Собата е преполна, секој кој некогаш бил некој седи или на масите или на шанковите или на балконот. Келнери и келнерки со крилца разнесуваат пијачки по масите. Возбуда, очекување..светлата се гасат...

Публиката полудува..звук на тапани

Дон Пардо (voice over): Ве молам, голем аплауз за рајското деби во Големата соба на Робин Вилијамс!

Огромна овација од толпата која изгледа дека трае бесконечно. Рефлекторот го фаќа Робин како влегува. Прави неколку пози додека трча по сцената. Погледнува во огромната маса луѓе.

Робин: О, ве молам престанете и седнете! Прекрасно, како Вудсток со крилја! (со детски глас) Мислам дека веќе не сум во Канзас! (како Џон Вејн) Па, аџии, како што ѝ рече гинекологот на убавата дама, „Имате добра раширеност".

Веќе ја има публиката в рака. Чекори по сцената погледнувајќи во луѓето кои седат најблиску до неа.

Робин: (како Боб Хоуп) Ова е лудо...вие со крилјата и ореолите...ова е како Да Нанг да ја среќава Лејди гага! (сега со негов глас) Види ги, кој седи на оној балкон? О, г-дин Линколн?

Абрахам Линколн, седи во оперската ложа, се смее и мавта.

Робин: Сакате да знаете како заврши претставата? Спојлер, спојлер!

Линколн се поднаведнува, толпата вреска.

Робин: О, седи со Лена Хорн! Жифти се Ејб, евтино е ама ефектно, си се средил, прво пенито, сега госпожа Хорн (пее) Stormy Weather...оо, толку си убав (се гушка самиот) Еманципаторска ејакулација. Не се плаши, значи ова е рајот?

Глас: Па, сигурно не е Ајова!

Бучна смеа од публиката. Робин ѕирка низ рефлекторската светлина.

Робин: О Боже, Берт Ланкастер е она?

Трча и ја протресува подадената рака на Берт.

Робин: Човече, кога Берт Ланкастер ги сфаќа вицовите мора да е рај...Знам што мислите, Берт да, ама Кирк не е уште спремен. Каква ноќ, колку пари имаме собрано до сега???

Се движи по сцената барајќи по толпата. Наоѓа пар кој изгледа стоички.

Робин: О, тажни лица, секогаш има неколку. Да погодам: работите на комедии на CBS? Знам дека не сте Розенбергови.

Голема смеа додека тој се движи и наоѓа некоја девојка.

Робин: О, Боже. Ти си...

Девојката: Ана Франк.

Аплауз

Робин: Фино е да се излезе надвор, нели? Ана, дали е вистина дека ако си Евреин недела навечер не можеш да си земеш брза кинеска храна? (шепоти како Ото Франк кога се јавува по телефон со германски акцент) Да, кунг пао кокошка, ребра и пржен ориз за осуммина..и оставете ги крај библиотеката

Смеа. Ѝ подава рака, се држат фатени неколку секунди, и таа му праќа бакнеж. Тој продолжува кај човек со бела коса.

Робин: О, не е можно...ти си ми херој. Најголемиот ум на 20 век и не може да ми текне како се викаш...

Човекот: Алберт Ајнштајн.

Робин: Ал, сакаш да ти ја кажам мојата теорија на релативност? Никогаш не зајми пари на некого ако имаш каква и да е релација со него. Нема да ти ги врати.

Се ракуваат со Ајнштајн додека овој се смее и мрда со главата како да сака да каже „Има право". Робин сега е во публиката, некој се прикрадува зад него, му ги става рацете на очи.

Џонатан Винтерс: Погоди кој? (види овде)

Робин: Илејн Стрич?

Робин се врти и му се фрла во прегратка на Џонатан.

Робин: Џон! О, Џон, ти си првиот што сакав да го видам. (со јужњачки акцент) Пошто, Клем, тој камионот што ми го продаде имаше верверичка во резервоарот...

Џонатан (со ист глас): Само ја маринирав за вечера. Ќе праиме муабет покасно друже.

Се прегрнуваат. Робин го фаќа Џонатан за г'з.

Робин: (како стереотипен американски Индијанец) Многу месечини поминаа, јас прашувам што е рај, сега јас знам. Голема гужва и нема огнена вода.

Човек: Еј!

Робин: Еве го човекот. Ед МекМахон. Каде ми е чекот?

Ед МекМахон се смее со тоа големиот стомак а потоа...

Џони Карсон: Еј, дете...само си степуваш по ходникот?

Робин: Ооо! Сребрениот лисец! Ова е прекрасно. Толку сум среќен што те гледам Џони... (ја крева раката и зборува со висок глас како Сењор Венцес (шпански зборувач од стомак ), и толку сум среќен што те гледам, ми рече дека Џони бил гуд.

Смеа...

Робин: Па за мене е (гледа наоколу и нагоре) Се надевам „знаете кој" не го слушна ова инаку ќе ми прати даночна инспекција...

Се враќа на сцената ракувајќи се и прегрнувајќи се со народот. Се озарува кога среќава Афро-американец. Го прегрнува.

Робин: Мартин Лутер Кинг, бел почесен телефон, Мартин Лутер Кинг, бел почесен телефон

Се гушкаат и тој подава рака на човек кој седи до него...

Робин: Г-дин Мандела, не се плашете. „Јас сум јенки".

Мандела се смее од уво до уво. Робин се враќа на сцената, публиката го обожава, и тој ужива...

Робин: Ова е прекрасно, ви благодарам што бевте толку фини, бев нервозен, како хемофиличар кој работи во фабрика за жилети, но ова е прекрасно, повеќе од што се надевав, не бев сигурен дека ќе успеам.

Глас: Робин?

Робин: Гњаватори дури и во рајот, но не мислат лошо, не како троловите на Твитер...

Нема одговор, продолжува...

Робин: Твитер?

Глас: Што е тоа?

Робин: АУУУ АБЕ ОВА БИЛО СТВАРНО РАЈ!!! Не те гледам, како се викаш?

Глас: Јас сум Робин, Ричард Прајор.

Робин скока од сцената за да го гушне Прајор. Долго е и емоционално.

Робин: Ричард! Не е ваљда дека уште пушиш!

Ричард: Еј, чоек, поздрави се со Лени Брус. Џорџ Карлин го знаеш..седи со нас. Синатра е следен...

Сите се гушкаат и Робин скока на сцената.

Робин: Бидете фини со вашите келнери. Ќе бидам тука цела недела. Чек - ќе бидам тука!

Публиката станува на нозе и ракоплеска. Тој ја гледа убавата сцена, се загледува во ѕвезденото небо, очите му се насолзуваат.

Робин: Рај, каков концепт!

Се враќа и седнува со Прајор, Лени Брус и Џорџ Карлин, го тапкаат по рамо. Погледнува наоколу, Џорџ Брнс му клима со главата, исто и Гручо. Џилда Раднер му праќа бакнеж а Чаплин си ја тапка шапката во знак на почит.

Френк Синатра: Вау, ова е веќе нешто, бејби...Свири Џек (музика) Start spreading the news..

Kaмерата се втурнува во Робин. Тој изгледа спокојно. Се насмевнува.

Фејд аут.

15 декември 2014 - 09:15