„Ракетата „Томахавк“ можела да биде од сечија. „Томахавк“ е многу генеричка.“
Доналд Трамп
Не, не е генеричка.
Томахавки се произведуваат од Raytheon Missiles & Defense, главно во Тусон, Аризона.
САД ги продаваат на само четири земји: Велика Британија, Австралија, Јапонија и Холандија.
Ниедна од нив не е во војна со Иран.
Оваа снимка од нападот се користи како доказ дека не се работело за залутна ракета која случајно удрила таму бидејќи ракетата е во тн „diving mode“ кога целта е лоцирана и заклучена.
Поранешниот американски разузнувач Скот Ритер подробно опишуа како функционирал тој напад. Две ракети удриле во празни магацини, трета во училиштето а четврта ја надлетувала локацијата собирајќи и праќајќи податоци во базата. На едната локација забележале човечко присуство. Бил нареден втор напад со нова томахавка, на која овојпат ѝ била вклучена особено грозоморната термобарична функција.
Потоа веќе не било забележано „човечко присуство“.