"Пристапноста на интернетот и останатите технологии не е чудотворна алатка. Таа не само што не ги решава туку ги одразува а понекогаш и ги зголемува постоечките проблеми кои ги игнорираме" вели вишиот истражувач во Мајкрософт Дејна Бојд коментирајќи ги податоците дека дигиталниот јаз е заменет со тнр "time wasting gap".
Утврдено е дека деца на родители со високо образование, технологиите ги користат за забава но истовремено и ја чувствуваат нивната улога и значење во здобивањето повисок социо-економски статус. Наспроти нив, децата на родители со пониско образование се задоволуваат со забавниот односно џаболебарски дел од интернетот и останатиот технолошки свет.
В0 2010-та, деца со родители без факултетско образование минувале 90 минути повеќе пред телевизор од нивните врсници со родители од повисок економски статус. 11 години претходно, разликата меѓу нив изнесувала само 16 минути.
Деца од посиромашни семејства минуваат фасцинантни 11,5 часа на ден под влијание на различни мас- медиуми (тв, интернет, гаџети). Во однос на состојбата од 1999-та, тоа преставува зголемување од 4 часа и 40 минути дневно.
Заради ваквата состојба, Федералната комисија за комуникации разгледува план од 200 милиони долари за формирање Единици за дигитална писменост кои би се состоеле од стотици или илјадници тренери кои во училиштата, библиотеките и сличните институции би предавале за продуктивните начини на користење на компјутерите и интернетот.