Оваа држава многу полагаше во изградба на нови фискултурни сали. Фино. Оваа држава има и средни и високошколски институции за оние деца и млади кои посакуваат во иднина што повеќе време да минуваат во фискултурна сала. И тоа фино. Проблем е што надлежните очигледно решиле желбата да им ја одмилат. Тоа не е само нефино, тоа е очајно. Да видите.