Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Приказната за младата и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси е поучна по многу линии. Хали Велч преку ноќ стана популарна, преку ноќ стана богата, ја намирисаа преварамти, ја искористија нејзината популарност, луѓе изгубија животни заштеди а таа се повлече на неодредено. Сега е вратена, онаму кај што викаше дека никогаш нема да отиде.   

Подемот на Хали Велч 

Те начекуваат на улица со прашање и го кажуваш следново:

  • Едно од наредните утра се будиш и телефонот ти експлодира од нотификации.
  • Твоето лице сега е насекаде по социјалните медиуми. 
  • Милијарди прегледи, тој ден стануваш попопуларна од Папата.
  • ТВ продуценти, подкастери, познати личности, сите те молат да има дадеш интервју.
  • Веднаш даваш отказ од работата во фабриката.
  • Вработуваш цел тим (менаџер, публицист, адвокат). 
  • Го лансираш брендот „Hawk Tuah“, покренуваш мерчандајзинг и продаваш брендирани производи.
  • Добиваш шестцифрени суми од спонзорства и договори за брендот.
  • За првпат во живот се качуваш во авион.
  • Твоите Инстаграм и ТикТок профили експлодираат со милионски следбеници.
  • Лансираш подкаст „Talk Tuah“ поддржан од Џејк Пол. Снимаш со Џејк Пол, Марк Кубан, Виз Калифа, Витни Камингс...
  • Доаѓаш до петтото место на Спотифај подкасти, веднаш после Џо Роган и Call Her Daddy на Алекс Купер.
  • Креираш ВИ апликација за совети за дејтови „Pookie Tools“
  • Буквално преку ноќ стануваш милионер.
  • Порачуваш дека никогаш нема да одиш на Онлифанс да го продаваш своето тело.

Падот на на Хали Велч 

  • Во ДМ ти упаѓаат намазани крипто ликови.
  • Те убедуваат да лансираш мим-коин.
  • Го лансираш токенот и тој почнува да собира луди пари.
  • За ултра кратко време достигнува пазарна капитализација од 500 милиони долари.
  • Во глава почнува да ти се врти дека можеш да станеш и милијардер.
  • Ненадејно, во рок од 20 минути, коинот губи 95% од вредноста.
  • Твојот тим ја повлекува монетата, инвеститорите  губат силни пари.
  • Крипто-новинарот и јутјубер Coffeezilla објавува видео во кое обелоденува како функционирала измамата.
  • Сфаќаш дека луѓето изгубиле животни заштеди, поднесени се жалби против тебе.
  • Јасно ти е дека си заебал работа, исчезнуваш со месеци, агенти на ФБИ тропаат на врата кај баба ти.

Епилог:

Најлошата 2025 поминува, доаѓа 2026. Тужбите не поминуваат но сфаќаш дека веќе никому не му е гајле за тебе. Се враќаш во општеството но ти снемуваат пари. Лансираш “ексклузивен“ профил на Fanfix кој го наплаќаш од 10 до 100 долари месечно. Пушташ мамки од типот „сакате да објавам уште стапала?“

Сфаќаш дека не ти останале многу опции освен пак некаде да правиш „хак ту“.

Види и:

Како „хак ту“ ѝ го преврте животот на Хали

Хак ту девојката ги ојади слепите фанови

 

13 март 2026 - 12:57