Спрингстин да напише нова химна

Речиси четвртина од Американците би сакале Брус Спрингстин да биде автор на нова државна химна која би ја заменила постоечката The Star-Spangled Banner.

Истражувањето го правела мрежата CBS и магазинот Vanity Fаир. По 22-та процента за Спрингстин, доаѓа Доли Партон која би добила таква задача од 19 проценти Американци а 18% се за Стиви Вондер.

Четврти е Боб Дилан со 11%, на петтото место екомпозиторот на филмска музика Џон Вилијамс, шести е раперот Џеј Зи а седма Мадона со 8 проценти од гласовите.

Актуелната американска химна е создадена во 1814-та година за време на британско - американската војна а и биле потребни повеќе од 100 години да стане официјална химна.

Нејзин автор е Френсис Скот Ки.

Не знам како и кога ни се всади таа идеја, ама сакаме да го споделиме нашиот прастар предлог за нова македонска химна.

Не дигајте со веѓи, само замислете како масовно стануваме, едно 50 илјади луѓе, на стадион, кога почнуваат првите тактови на химната па почнуваме да мрдаме со колковите, во некоја опака македонска „хака“, да им стресеме гаќи на сите!

Нели бе?

5 јуни 2012 - 12:40