Таг: химна

Химна се интонира, а тој застанал како на жив ѕид

Натпреварот помеѓу Градина и Брчко во кошаркарското првенство на БиХ донесе една скроз нетипична сцена. За време на химната, првиот во редицата кој се вика Душан Илиќ, се држи со рацете онаму каде што обично никој не се држи во таков момент. Гестот во БиХ го опишуваат како скандалозен, бидејќи Илиќ е роден во Република Српска и не му чуе за босанската химна.

Англиската химна не се ни слушна од свирежите на Шкотланѓаните

Фоден, Белингем и Кејн ја решија Шкотска со 1:3 на пријателски дуел, кој со оглед на ривалитетот и не може баш да биде пријателски во целост. Пуштете го клипов и кажете дали нешто слушате од химната на Англичаните?

Англиската химна ја пееше Италијанка и не ја погоди баш

Италија го загуби дербито од Англија во нашата квалификациска група за ЕП 2024 со 1:2. Мечот се играше во Неапол на стадионот Армандо Марадона. Извесна Елинора доста збунето ја испеа химната на Англија. Гостинските навивачите ја масакрираа на социјалните мрежи.

Дали Божикна песна напишана од нацист ќе остане вклучена во збирките протестантски химни?

Во Германија постои богата традиција на божикни верски песни и химни. Една од нив е напишана од Херман Клаудиус, кој бил лојален на нацистичкиот режим. Сега во земјата се одвива дискусија дали таа треба да биде исфрлена од официјалниот црковен репертоар. 

Официјалната химна за СП Катар 2022

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес се изведувачи на песната „Tukoh Taka“, официјалната химна на Светското првенство. Ја пејат на шпански, англиски и арапски.

Свирежи за химната на Бугарија од почеток до крај

И покрај тоа што ги загубивме шансите за првата позиција во група, дуелот меѓу Македонија и Бугарија во последното коло од Лига на нации ги наполни северната и јужната трибина на Градски. Бугарите се соочија со жесток пречек уште при интонирањето на химната.

„Илегалниот“ аранжман на американската химна на Стравински

Откако емигрирал од својата родна Русија, Стравински добил шанса да предава и да твори во САД. Но откачен каков што бил, ставајќи ја под прашање американската улога во Втората светска војна, решил малку да си поигра со химната. 

Згрми химната на Македонија

И покрај лошите временски услови, македонската фудбалска репрезентација има целосна поддршка од трибините. Националната арена е исполнена до половина, колку што дозволуваат протоколите. Уживајте во воведот на првото гостување на поранешниот светски и европски првак во Скопје.

Мурињо остана без зборови за време на ручекот на Рома

Специјалниот го сними амбиентот во неговиот нов клуб за време на клупскиот ручек и го објави на Инстаграм, а имаше што да се сними. Сите играчи станаа и на емотивен начин ја згрмија химната на Рома. Атмосфера која секој тренер би ја посакал.

Химната на Италија на ЕП 1988

Малдини, Барези, Донадони, Анчелоти, Манчини, Виали...состав боли глава. Полуфинале против СССР кога Холандија со Ван Бастен стана европски првак. Други времиња се ова, со големи разлики. Химната грми со оркестар, ама фудбалерите се срамежливи, освен Валтер Ѕенга.

Грмењето на македонската химна на Европско

Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.

Излезе официјалната химна за ЕП 2020

Се вика „We Are The People“, ја пее Боно Вокс, го има познатиот гитарист Дејвид Хјуел Еванс, а автор на песната е холандскиот Ди-Џеј Мартин Гарикс.  Инаку во спотот се појавува и поранешен ирски репрезентативец Џејсон МекАтир, кој го постигна клучниот гол против Холандија со кој Ирска отиде на СП 2002 година.

Знаете ли која песна им свири на Русите наместо химна на Светско?

На Мундијалот во Египет, Русија дојде под казна и санкции од Спортскиот арбитражен суд (CAS) кој до 16 декември 2022 на сите руски селекции во секој спорт им наложи да играат во неутрален статус, без химна, грб и знаме поради сериозни кршења на правилата за допинг. Па решија химна да им биде најпознатата руска мелодија.

На Швеѓаните па им ја утнаа химната

Му рипна цедето на Диџејот а?

Емоциите на младиот Танкоски - солзи за време на химната

Гордоста на Стружани, 22-годишниот Марио Танкоски дебитираше на Светско првенство. Постигна 2 гола против големата Шведска, а пред мечот имаше силен наплив на емоции за време на химната.

Опасно грмење на македонската химна против Шведска

Со Швеѓаните игравме во прво коло и на ЕП 2012. Одигравме реми, па дури имавме напад и за победа, а зборуваме за четири кратен европски и светски првак. Слушнете колку моќно звучи ова. Инвазија од македонски навивачи во Ниш каде бевме како домаќини.

Кога во Загреб ја исвиркаа химната на Југославија пред да патува на СП 1990

Само 20 дена по најпрочуените инциденти на Максимир на дербито Динамо - Звезда, Југославија на истиот стадион ја играше последната подготвителна средба пред да патува на Мундијалот во Италија. Гостуваше Холандија како актуелен европски првак, а играчите се соочија со анти мотивациски момент, ретко виден во историјата на фудбалот.

Прав си друже, на сите ни фали

Ковид 19 ни должи четири реванши од осминафинале, потоа четврт, полуфинале и финале на ЛШ кое можеби ќе се игра на 27 јуни. Значи можеби. Паузата веќе е долга и сосема доволна за да се поднаучи нешто на таа тема.

Еден незаборавен перформанс на Градски во негова чест

Бидејќи денеска требаше да наполни 39, да се потсетиме на страста со која ја отпеа македонската химна на квалификацискиот меч за ЕП 2004 меѓу Македонија и Англија. Стадионот крца, Тоше со изведбата внесува уште поголема мотивација, а во прв состав е и Пандев со само 20 години. Коментатор Зоран Михајлов. Колку легенди на едно место.

За химната на ЛШ царов се претвори во оркестар

За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.

Улцињ памети

Може е условен рефлекс, може е траума од детството, а може е и само фино воспитување. Како и да е секој присутен, речиси севернокорејски синхронизирано, знаеше како е редот. Снимено пред некој ден на плажа во Улцињ.