Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.
Пред почетокот на мечот во Единбург во Лига на нации, неколку репрезентативци на Израел приметиле дека децата кои стојат покрај нив мрзнат на силниот ветер па ги соблекле јакните и им ги дале да се стоплат.
Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското откако го победи светскиот шампион. Во земјата тотално лудило а пред мечот Чичарито се расплака на интонирање на химната.
Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.
You'll Never Walk Alone е песна која не старее и не здосадува. Таа не грми само на Енфилд, туку и на други стадиони. Одиме со едно нејзино празнично издание во изведба на навивачите на Селтик кои ти прават да ти пролазат морници без разлика за кого навиваш.
Белоруската лесно-атлетичарка Виолета Скворцова го освоила златниот медал на Европското јуниорско првенство. Кога ѝ го доделија златото и требаше да се интонира химната на Белорусија, организаторите ја пуштиле химната на Босна и Херцеговина. Виолета тогаш покажа како се сака својата земја, химна и знаме. Европското се одржуваше во италијанскиот град Гросето каде организаторите инсистирале таа да се врати на подиумот или ќе биде суспендирана.
Пред една година Врховниот суд на Индија донесе одлука дека националната химна мора да биде изведувана во секоја кино сала пред прикажување на филмовите, а дека публиката мора да стои на нога. Сега филмски љубители од еден мал град во земјата се обидува да пружи отпор.
Лигата на шампионите не може да биде иста без оваа епска химна која кога ќе згрми, на човек му поминуваат морници. За нејзе зборуваат композиторот Тони Брајтен, потоа Силва, Меси, Суарез, Куртоа и Зидан. Белким ќе дочекаме да ја чуеме на Градски.
Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?
Има ли подобар старт од тоа да се почне новата сезона во ЛШ со едно дерби како што е Барса - Јуве, инаку реприза на финалето од 2015-та? Спремајте за вечерашниот традиционален термин од 20:45. А сега малку морници со звуците на химната во изведба на човекот кој има 94 гола во ова натпреварување и 4 трофеи.
САД се домаќини на јубилејната Копа Америка која првпат се играла пред 100 години. Просекот на гледаност е далеку поголем од лани, но организаторот направи неколку грешки со химните. Најпрвин на Чилеанците за време на сред интонирање химна им го пуштија пеачот Питбул, а потоа на Уругвајците им пуштија химна на Чиле.
Легендарната песна на која црвени шалови се креваат на Енфилд, па потоа жолти на Вестфален во Дортмунд и зелени на Хемпден Парк датира од 1945. година и е компнирана за мјузиклот Карусел.
Како пред секој меч, така и пред дербито со Арсенал, на Енфилд Роуд грмеше You'll never walk alone. На официјалниот клупски канал, Црвените објавија видео на кое може да го фатите секој агол од трибините со помош на маусот. Интересно искуство.
Во финалето на купот на Босна и Херцеговина екипата на Широк Брег го пречека Олимпик, но домаќините не ја рецкаат два посто химната со образложение дека нивниот град е сместен во хрватскиот дел од БиХ и тие се сметаат себеси за дел од Хрватска. Само едно чиче во публика реши да стане.
Аргентина викендов го совлада Хондурас 2:0 на пријателски натпревар одигран во Хјустон. Дека не им е вечерта, фудбалерите на Хондурас сфатија уште при интонирањето на химните кога ја слушаа химната на островот Изл оф Мен.
Најпознатата мелодија во европскиот фудбал се роди пред 22 години, а инспирацијата за неа доаѓа од свечената ода за монархиското крунисување „Свештеникот Садок".
Пуштете ги звучниците погласно и слушајте како 60.000 Бразилци “грмат“ во еден глас со стиховите на химната на својата земја. Кај нас многу често на фудбалски натпревари атмосферата знае да биде како во театар на монолог, па еве дека биде ова една лекција за нас.
Песната не е певлива, не е оригинална и никогаш не била на топ листа, но сепак 98% од луѓето ја препознаваат, а секој фудбалски фан се наежува кога ќе ја слушне. Тоа е химната на Лигата на шампиони.