Џејмс Меклин веќе неколку сезони игра во Англија, заработува за живот, но тоа не е доволно да го смени своето мислење. Меклин како Ирец не ја поднесува Англија, а тоа го покажа пред почетокот на пријателска средба во САД.
26-годишниот фудбалер го сврте грбот додека се интонираше химната и на тој начин го искажа својот став. На Твитер следуваа бурни протести, а лондонскиот Телеграф отиде најдалеку и му препорача дека е подобро да ја напушти Премиер лигата.
Тренерот на ВБА, Тони Пулис по мечот му порачал на Меклин своите политички ставови да ги држи надвор од фудбалот. Самиот фудбалер се огласи на Твитер и им порача на сите лицемери да ја прочитаат статијата на Еуроспорт, во која отворено се зборува за храбриот и искрен потег на Меклин.
Еве како се однесуваше Меклин за време на интонирање на химната: