Таг: вба

Што знае судија што е контра 3 на 1

Манчестер Јунајтед прими гол од ВБА уште во 2' минута, па во 44' израмни на 1-1 и имаше голема шанса брзо да направи пресврт, ама судијата Грег Поусон реши да свирне полувреме кога овие тргнаа во опасна контра пред противничкиот голман.

Детето на Јунајтед кое го спречи Манчестер да освои 3 бода

Голманот на Вест Бромвич, Сем Џонстон до свои 27 години не бранел во Премиер лига каде првпат застана на гол сезонава. И веќе е во Tоп 5 голмани во лигата.

На кого му треба Џон Стонс кога го имаш Џонстон

Манчестер Сити имаше 26 шута од кои 7 во рамки на голот. Изведе 13 корнери и имаше преку 5 стопостотни шанси. Пеп Гвардиола се фрустрираше како никогаш. На крајот, Манчестер Сити - ВБА 1:1 благодарение на голманот на гостите Сем Џонстон.

Славен Билиќ искрено за големиот Јирген Клоп

Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.

Некогаш ѕвезда на ВБА, сега ужива во домашен ајвар

Некогашниот лев бек на македонската фудбалска репрезентација направи одлична кариера.Како член на врвната генерација на Беласица со Пандев, Стојков, Балдовалиев и многу други, играше за АЕК Атина, Црвена Звезда, Херенвен, Динамо Киев, ВБА и на крајот кариерата ја заврши во Вардар.

Масовни шампионски прослави во време на глобална пандемија

Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.

Тренерот на ВБА го избраа за најдобар во април, после 3 часа испаднаа од Премиер

Јамајчанецот роден во Бирмингем на времето играл стопер во ВБА и станал капитен па навивачите многу го засакале. На 5 меча пред крајот од сезоната во Премиер лига освоил повеќе бодови отколку Пардју на 18!

Генијалното навивање на навивачите на Вест Бромвич

На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.

Марсејеза се ореше во Премиер лигата

Со одлука на англиската ФА, сите натпревари во Англија ова коло почнаа со француската химна и едноминутно молчење за жртвите од масакрот во Париз.

Неоткриената фудбалска мистерија од 1895 година

Кражби на трофеи имало повеќе пати во фудбалот, но оваа е веројатно е најстарата која и ден денеска остана нерасчистена.

Педро знае како се дебитира

Најново засилување на Челси, Педро на својот прв меч во Премиер лигата постигна гол и имаше асистенција. Сините славеа против ВБА на гости со 2:3. Тери доби црвен, а Куртоа одбрани пенал.

Гордиот Ирец што не ја сака британската химна

Фудбалерот на Вест Бромвич Албион, Џејмс Меклин е Ирец и како многу негови сонародници не ја почитува британската химна и знаме на кои им сврте грб.

Мекманаман и Морисон им правеа сопки на навивачите

Навивачите на Астон Вила изминатиот викенд направија инвазија на терен откако судијата свирна крај, а нивниот тим обезбеди полуфинале во ФА купот. Во најновото видео, англиските медиуми ги уловија фудбалерите на ВБА Џејмс Морисон и Калум Мекманаман како ги спречуваат во намерата.

Граѓаните сакаат да слават 9-ти пат по ред

Пред дуелот против ВБА во петок, Мануел Пелегрини изјави дека неговата екипа го достигнала врвот на формата годинава и по осум победи по ред сака да го изедначи и урне рекордот од 2011-та година кога беа шампиони.

Шарени копачки се носат повеќе од традиционалните црни

Премиерлигашот Хал е најверен на старата школа, затоа што повеќе од половина играчи во екипата не сакаат да слушнат за шарените копачки, кои се омилени во Манчестер Јунајтед.

Вака не можеа ниту Шаќири и Михајловиќ

Иако е на тренинг па можеби му успеало од 100-ти пат, младиот Саидо Берахино успеа да постигне гол од уште по мртов агол од корнер. Фудбалерот на ВБА минатата сезона заработуваше 850 фунти неделно.

Автоголот со лоб кој не се брани

За фудбалерот на ВБА, Крег Доусон се зборува дека ќе си замине од клубот и веројатно ќе потпише за Барнли. По овој автогол, тоа сигурно ќе се случи.

Ударите со глава може да бидат кобни за фудбалерите

За оваа тешка тема која се однесува на оштетувањата на мозокот кај спортистите пишувавме кога се случи големата трагедија со американскиот рагбист. Научници од Бостон тогаш обелоденија шокантни истражувања кои сега ги дознаваме и за фудбалерите.

Го сруши Јунајтед со 300 пати помала плата од нивните ѕвезди

Новиот херој на Вест Бромвич Албион кој го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Саидо Берахино од Бурунди за цела година заработува колку Ван Перси и Руни за еден ден.

Пензионирањето на Ферги стигна до 5000 фунти

Навивачите на Вест Бромвич Албион очигледно дека го загубија осетот со парите. Вчерашните цени за последниот натпревар на Фергсуон од 3000 фунти веќе не важат, затоа што во препродажба, денеска се појавија нови суми кои не се забележани на црниот пазар ниту за едно финале од Лига на шампиони.

На Мулумбу му дојде преку глава

Јусуф Мулубму од Вест Бромвич Албион изгледа дека е доста нервозно момче. Ваква реакција на фудбалски натпревар сигурно сте виделе само во некое маалско или селско дерби.

Попов јавно се извини

Македонскиот интернационалец Горан Попов испрати официјално извинување за инцидентот со плукањето на противнички играч.

Плукачот Попов

Македонскиот интернационалец Горан Попов заработи директен црвен картон за плукање кон противничкиот фудбалер Кајл Вокер. На крајот Вест Бромвич Албион со фудбалер помалку загуби од Тотенхем со 0:1.