Астон Вила славеше со 1:0 против ВБА во финалето од ФА купот кое се одигра во далечната 1895 година. Клубот сакаше од близу да го прослави ова достигнување со навивачите и трофејот го постави во една локална продавница во сопственост на Вилијам Шилкок.
Кога утрото на 11 септември 1895 година Вилијам во отворил дуќанот, трофејот не бил таму и за пронаоѓањето на најстариот трофеј била поставена награда од 10 фунти (сегашни 285 фунти).
Во 1958 година извесен криминалец по име Хери Бирг изјавил дека тој го украл пехарот, но немал доказ за тоа. Астон Вила била казнета со 25 фунти затоа што одговорноста била нивна и добила задача да изработи нов трофеј кој потоа бил користен до 1910 година.
Астон Вила го освоила најстарото фудбалско натпреварување благодарение на голот на Боб Чет во 30 секунда. Тоа беше најбрзиот погодок во историјата на ФА купот се до 2009-та кога рекордот во финалето го сруши Луис Саха од Евертон кој погоди по 25 секунди игра.