* За Џипси сонг:
Песните што излегле лесно се највредни. Но зад таа навидум леснотија стои многу трагање и лутање. 40 години да чешлаш една плажа, еден ден на неа ќе најдеш Ролекс.
* Што е проблемот со овие простори?
Многу историја и многу војни и крв.
* Што е проблемот со луѓето?
Краток фитил. Многу бргу пламнуваат, брзо стануваат нервозни и спремни за кавга. Имале малку пари или имале многу пари, сеедно.
* Што нè спојува нас на Балканот?
Неговата „брдовитост“.
За турбофолкот:
„Нова музика за новата елита“ (Влада Дивљан). Ќе мутира во нешто второ, трето, петто, ама ќе му дојде крајот.
* За важноста на политиката:
Кој беше на власт кога Леонардо ја правел Мона Лиза? Кој беше на власт кога се појавија Битлси, лабуристите или конзервативците? Небитно, Битлси се појавија.
* За поделбата „ние на Балканот“ и „тие од остатокот на Европа“
Немам воља и енергија да ги убедувам во својот талент или знаење. Јас кога одам во Њујорк, им го знам јазикот, им ја знам културата, знам кој е Боб Дилан, кој Стив Џобс. Тие не знаат кој е Блаже Конески или Горан Стефановски. Јас знам да им ја отсвирам „Blowin in the wind“, тие не знаат да ја отпеат „Јовано, Јованке“. Што мислиш кој е во предност?
* Те нервира ли кога некој не знае каде е Македонија?
Не, гајле ми е. Тоа е негов проблем, не е мој.
Кој е најголем?
Моцарт. И Бах ама Бах знае да биде репетитивен, да те замелуши. Моцарт е полн со емоции, со шаренило.
Што слушаш во кола?
- Џез ФМ радио.
* Што те прави среќен?
Кој ти кажа дека сум среќен?