ретро политика

Македонското прашање и младите социјадемократи

Лаконски заклучоци: а) младите социјалдемократи биле за ослободување на Македонија б) социјадемократите уште од тогаш имале проблем да се изразат јасно и разбирливо.

Седум месеци по Илинденското востание, во Софија се среќаваат српските и бугарските студенти. Од нив се одвојуваат оние кои биле социјалдемократи, се состануваат башка од другите и мозгаат околу македонското прашање:


Српски и бугарски студенти - социјалдемократи, на собир одржан на 24 февруари 1904 во салата на Работническиот клуб во Софија.

Кога земаат предвид:

1) дека македонското револуционерно движење од онаа страна на Копаоник и Рила е плод на општествено економскиот развој, предизвикан од внатрешната граблива политика на турската влада, политика која предизвикува поларизирање на масата кај македонските селани и занаетчии.

2) дека македонското прашање се распалува во Бугарија, Србија и другите балкански државички не од искрена желба да му се обезбеди политичка слобода и екоономска сигурност на македонското население, туку од освојувачките намери на бугарската, српската и друга буржоазија.

3. колку што се растат буржоаските класи во тие земји, толку повеќе се засилуваат освојувачките тенденции кон Македонија, бидејќи таа за нив претставува само добар пазар за производите на капиталистичкиот развој: бирократијата, војската и сл.

4) националните тенденции кон Македонија неминовно доведуваат до националистички, шовинистички, религиозни и други сепaратистички триења во внатрешноста на Македониа, заради што се распарчува силата на македонското население и се парализира неговата револуционерна борба.

5) буржоаските класи во балкaнските држави и нивната интелигенција не се во состојба со сета сила да се заложат за балканска конфедерација сè додека на тоа не ги присили една општествена сила која искрено тежнее кон братство на народите.

Освен тоа, српските и бугарските студенти социјалдемократи земајќи предвид:

1) дека за конечно решавање на денешната состојба во Македонија, која се карактеризира со пролетеризација на масата и емигрирање на населението, не е доволна само политичка слобода туку коренита преобразба на општеството со која средствата за производство ќе прејдат во општествена сопственост, за што политичката слобода е само средство.

2) дека за да се оствари таа преобразба која е единствената што може да понуди мир и благосостојба на населението, потребно е политичката слобода во Македонија да биде освоена од прoлетерската маса на македонското население, без разлика на вера и народност.

3) дека досегашните агитации од разни комитети за ослободување на Македонија не била вистинска револуционерна пропаганда бидејќи не се потпирала на општествените сили во самата Македонија туку го навикнувала населението да не се потпира на себе туку на европската дипломатија, на руската, бугарската и српската држава и војска.

4) дека ставањето на македонското прашање на погрешна основа, како во самата Македонија така и кај балканските држави, само ги заострува судирите во нив, водејќи неминовно кон развој на милитаризмот и бирократијата во тие држави, што станува пречка не само за правилен развој на тие земји туку го кочи и развојот на балканскиот претеријат. 

Земајќи го сето тоа предвид, спрските и бугарските студенти социјалдемократи заклучуваат:

1) дека интересите на балканскиот и меѓународниот пролетеријат бараат уништување на султанската тиранија и извојување политичка слобода во Македонија.

2) за да може таа слобода да послужи за општествена преобразба на таа земја а не само да биде промена на политичкиот режим, треба да биде извојувана со самостојна борба на македонскиот револуционерен пролетеријат.

3) заради тоа неопходно е да се прекине со досегашната националистичка и авантуристичка агитација и наместо неа да се започне со вистинска револуционерна пропаганда, каква што може да биде само социјадемократската пропаганда.

4) само на основа на непомирлива класна борба може да се постигне македонскиот пролетеријат да стане револуционерна сила која ќе се спротивстави на секоја политичка и економска експлоатација. Истовремено, на иста основа ќе се постигне и соединување на балканскиот пролетеријат што ќе претставува реална подлога не само за балканска федерација туку и за конфедерација на сите народи на планетата.

По сето ова, бугарските и српските студенти - социјалдемократи апелираат до сите студенти социјалисти од Балканот:

1) да ги искористат сите свои сили за развој на класната свест во своите земји.

2) Да ги обединат силите во една организирана целина заради заедничка пропаганда на револуционерниот социјализам во Македонија заради будење на македонската прелетерска маса.

3) Да се одвојат од масата прогресивна и демократска но буржоаска интелигенција, за да можат студентите социјалисти со својата партија најцелисходно да работат на победа на прелетерскиот идеал на Балканот.

Да живее меѓународниот револуционерен социјализам! Да живее пролетерската федерација на народите!

* "РАДНИЧКЕ НОВИНЕ", бр.17, Белград, 2 март 1904.

9 април 2012 - 13:33