Владимир Путин константно ги зајакнува воените односи со Средна и Јужна Америка правејќи ја Русија доминантна воена сила во тој регион.
Русија ги претрка САД и стана главен снабдувач на оружје во Латинска Америка а Москва веќе гласно размислува и за отворање свои воени бази на Куба, Венецуела и Никарагва, со што би имала постојано присутни воени бродови на Карибите.
Не е случајно што среде украинската криза, Сергеј Лавров најде време да ги посети Куба, Перу, Чиле и Никарагва, најавувајќи дека наскоро ќе стигнат руски пари за каналите во Централна Америка.
Освен со цена и квалитет, Русите успеваат да го продадат своето оружје во овој регион користејќи ја сомничавоста на левичарските влади кон договори со САД и Велик Британија.
Последниот голем договор за оружје Русија го направи со Бразил минатиот октомври кога им го продаде ракетниот одбрамбен систем Панцир - С, мобилните земја- водух ракетни единици Игла а се преговара и за продажба на борбените авоини Сухои 35.