Просечно 6,5 часа трае првото породување на денешните мајки. Пред 60 години за тоа биле потребни 4 часа.
Причините за продолжениот период на трудови не се докрај истражени но можеби лежат во фактот дека оние што денес првпат стануваат мајки се просечно 4 години постари од пред 60 години. И просечно се подебели. Или можеби причината е во тоа што раѓаат поголеми бебиња од порано.
Некои сметаат дека дел од причините лежи во зголемената употреба на епидуралната анестезија во периодот на трудови што нив ги продолжува од 40 до 90 минути.
Запоставувањето на фактот дека денес трудовите траат подолго води кон пребзо донесување одлука да се оди на царски рез бидејќи стандардите за тоа кога е нормално да се интервенира со царски рез се поставени во 1950-та година. Тогаш е утврдена тнр "крива на трудови" а таа важи и денес.
Се предлага да биде направена повторна проценка за тоа во кој момент е потребно да се интервенира.
Царскиот рез чини двојно повеќе од природното породување Доколку процентот на царски резови се намали од 32 на 21 процент, во САД би се заштедиле 17 милијарди долари годишно.