Руската православна црква на старата вера (ги викаат староверци, старобрадци) е одвоена од својата верска матица уште во 1666 година, по повод литургиските реформи кои во тоа време ги прави московскиот патријарх Никон за да се синхронизира со грчките обреди (на пример, процесијата дотогаш се одвивала во насока на движењето на сказалките а Никон решил да биде рикверц, или пак, она „алилуја“ кое се изговара пред „слава тебе, Боже“ се викало двапати а по ново е трипати; и слични ургентности кои на создателот на целиот универзум мора да му се многу битни).
Актуелен патријарх на староверците е Корнилиј кој во едно скорешно интервју побара од мажите да почнат да пуштаат бради за да се заштитат од хомосексуализмот.
Господ ни даде правила. Пишано е дека Господ ги има создадено мажите со брада. Католичкиот Запад се има одметнато од тој концепт. Но, работата е јасна. Видете ги само иконите, не можете да го замислите Христос или некој светец без брада. А човекот не смее да оди контра Создателот. Монструозно е да се гледа како се менува машката облека и фризурите“, се пожали Корнилиј потврдувајќи дека бричењето е излегување од светото.
Ок.