Првпат во историјата Британија влезе во „атеистичка ера“, со повеќе атеисти отколку верници во Господ. Научниците мислат дека имаат одговор зошто луѓето ѝ го вртат грбот на религијата. Верските обичаи им се здодевни.
Помладите генерации се повеќе следат некоја „духовност“ по сопствен избор, и е помалку веројатно да бидат атеисти отколку нивните родители или баби и дедовци.
Во црква во Луцерн, Швајцарија, во просторијата за исповед, отаде онаа решетка што постои меѓу верникот и свештеникот, од пред некое време свети Исус. Не само што свети туку и внимателно слуша што се кажува во кабината и попат одговара на љубопитни прашања. Се работи за Исус на погон на вештачка интелигенција. Верници би рекле, си го бараат со боринче.
За време на затворен состанок со италијанските бискупи, Папата Францис се пожалил дека „во воздухот во Ватикан има педерштина“, нешто за што се извинуваше пред некое време.
Поглаварот на римокатоличката црква го расчистува патот за канонизирање на прерано починатиот тинејџер од Лондон чија умешност во ширењето на католичката вера на интернет му го даде прекарот „Божји инфлуенсер.“ Тоа ќе биде првиот миленијалец (личност родена во почетокот на 1980-тите до крајот на 1990-тите) кој ќе биде прогласен за светец.
Во републикански доминираниот Претставничкиот дом на Конгресот со 319 гласови за и 91 против помина Законот за свесност за антисемитизам, кој би можел да ја направи Библијата нелегална во САД.
Папата Франциск зборувајќи пред учесниците на симпозиумот „Маж - Жена: Слика на Бога“, ја опишува родовата идеологија како „најгрдата опасност“ на нашето време, бидејќи ги брише сите различности меѓу мажите и жените, кои го прават човештвото уникатно.
На средба со католичките бискупи и „цивили“ папата Франциско порачал дека е „ургентно“ да се гарантира поголемо учество на жените во управувачки позиции на црквата и побарал во рок од една година да се истражи како да им се дозволи на жените да бидат поставени на позиција ѓакони.
Партијата на италијанската премиерка Мелони турка измени на законот за урбано планирање со кои во земјата ќе се забрани досегашната пракса за пренамена на гаражи или магацини во места за молитва.
Во лутеранска црква во Германија била одржана црковна служба целосно креирана и водена од вештачка интелигенција. Мисата ја водел аватар на брадест црнец . Ете, ништо страшно, четбот во служба на Бога. Додека ботот еден ден не реши да биде обратно.
Замислете да живеете во држава која е толку религиозно крута, што во случај да извалкате неколку страници од Куранот, тоа станува работа за полицијата. Држава во која и деца можат да бидат казнети за наводно непочитување на исламот. Заборавете на Иран. Добредојдовте во Велика Британија.
Во јануари ФБИ објавува официјално предупредување за опасноста од „радикална традиционалистичка католичка идеологија“. Им требаше неколку седмици да сфатат каде се, па деновиве го повлекоа меморандумот по основа дека не ги исполнува стандардите на Бирото.
Во обид да фати чекор со трендовите, Црквата на Англија ќе мозга како верниците да му се обраќаат на Бога, а тоа да не биде во машки род. Тие одамна знаеле дека Бог не е ни машко ни женско, вели нивниот портпарол. Со нетрпение чекаме што алтернатива ќе смислат за „Оче наш“.
Прво папата го откажа одамна планираното патување во Африка заради здравствени проблеми, а потоа најави дека ќе именува 21 нов кардинал, два предзнака кои се толкуваат како сигнал за неговото напуштање на престолот во Ватикан.
Замисли организираш крштевка, го поминуваш бебето низ тој, за него веројатно трауматичен ритуал, доаѓаш дома, и после некое време ти се јавуваат да ти кажат: „Не се важи, затоа што попот рекол ‘ние’, наместо правилното ‘јас’.
Најголем дел од Германците се против тоа да им се дозволи на џамиите во земјата да го рокаат на звучници повикот на молитва. Процената е дека во Германија живеат околу 5,6 милиони муслимани.
Мери Џонсон е жена која се обидува да избега од религиозниот ред во кој членува повеќе од 20 години, светски познатите „Мисионерки на љубовта кон ближниот“ на Мајка Тереза, кој новиот подкаст „The Turning“ го опишува како „осило од психолошко малтретирање и присилба“.
Во долга изјава која на кратко се сведува на тоа дека Господ „не и не може да благослови грев“, Ватикан го потврди својот став околу исто-половите бракови за сите што имаа некоја дилема околу тоа.
Не овој папа што шета, туку тој што седи во пензија во Ватикан, Бенедикт XVI, тврди дека има католици фанатици кои и понатаму одбиваат да веруваат дека тој се откажал од папската позиција.
Додека медицинските и здравствени експерти порачуваат луѓе да не пребираат каква вакцина ќе примат (таму кајшто можат да пребираат), неколку католички заедници во САД тврдат дека последната авторизирана вакцина за коронавирус, онаа на Џонсон и Џонсон, е морално компромитирана поради линкови со абортуси.
За првпат во постоењето на католичката црква, во синодот на бискупи ќе има и жена. Поглаварот Франциско оваа чест и ја додели на сестра Наталија Бекар од Франција.
Министерот за имиграција и интеграција е мета на гневот на муслиманите во земја откако им предложи на тамошните муслимански главешини дека муслиманките во Данска во некои работи треба да бидат рамноправни со другите жени, на пример, секс пред свадба.
Германска сојузна држава забрани носење на бурка и нихаб, и какво и да е прекривање на целото лице за учениците во сите училишта. Забраната беше придружена со порака од премиерот според кого бурка и нихаб не припаѓаат во слободно општество. Истото правило веќе е во оптек на наставници и останат училишен кадар.