Според полските медиуми жртвата колабирала откако земала премногу апчиња за проблеми со ерекција.
Во целата ситуација некој од учесниците на оргијата викнал и брза помош, меѓутоа на докторите и персоналот не им било дозволено да влезат и да му помогнат на човекот за кого биле дојдени. Ова им успеало дури откако дошла полиција.
Свештеникот е осуден за сексуални прекршоци, снабдување со дрога и непомагање на човек во опасност од умирање или сериозни здравствени проблеми.
На Томас З. му е наредено и да му плати 3.000 евра отштета на колабираниот и да донира уште неколку илјади злоти во фонд за помагање на жртви.
Од објавата на веста во 2023 Томас е отпуштен од свештенството, а неговиот шеф, бискупот на бискупијата во Сосновјец поднел оставка на својата позиција.